Индекс на активна транспарентност 2024
Рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност за 2024 година
Рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност за 2024 година
Рангирање на институциите според антикорупциските перформаси во јавните набавки
Истражување: Процес на доделување Б-интегрирани еколошки дозволи
Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во 8 општини во земјава открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн. се спроведуваат во постапки за кои нема јасно дефинирани правила кои би овозможиле избор на најповолните понуди и најдобра вредност за потрошените пари. Јавни огласи се објавуваат само за екскурзиите, бидејќи МОН за нив има донесено процедури уште во 2014 година.
39 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јануари-јуни 2023)
Ова е седми по ред Извештај за споредбена проценка на состојбите во јавните набавки на земјите од Западен Балкан, изработен од коалицијата на граѓански организации за борба против корупцијата во јавните набавки, Балкан Тендер Воч.
Истражувањето Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби кое открива дека доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени. Преземети ги публикациите овде: МК: Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби AL: PPU të vjetruara, ndryshim i shpeshtë i PDU-ve, numër i madh objektesh të ndërtuara pa leje dhe mbikëqyrje e dobët inspektuese në komunat EN: Outdated GUPs, frequent changing of DUPs, a large number of illegal buildings and a weak inspection supervision in the municipalities
Истражување за степенот на здравствена заштита на жителите во 30-те здравствени центри во земјава
На земјава ѝ недостигаат 52 тимови за итна медицинска помош, за да се задоволи законскиот минимум Истражувањето може да се преземе на следниот линк.
Истражување за исплатите од буџетската ставка 463 Трансфери до невладини организации во 2022 година: Трошки за здруженија на граѓани во општинските буџети. Истражувањето открива дека општините, преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90 % од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и кои, во одредени општини, добивале и по еден милион евра годишно. Преземете го истражувањето овде: ТРОШКИ ЗА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ ВО ОПШТИНСКИТЕ БУЏЕТИ SHPENZIME PËR SHOQATAT QYTETARE NË BUXHETET E KOMUNAVE TRIFLES LEFT FOR THE CITIZENS’ ASSOCIATIONS IN THE MUNICIPAL BUDGETS
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗГОЛЕМЕНИТЕ БУЏЕТСКИ ТРОШОЦИ ОД КРИЗАТА ВО 2022 ГОДИНА ВРЗ ОБЛАСТИ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година иницијално е усвоен со проектирани расходи на ниво од 284 милијарди денари (4,6 милијарди евра). Со измените и дополнувањата на буџетот извршени во јули 2022 година, расходите се зголемени за 5,73 %, односно за 16 милијарди денари (265 милиони евра). По ребалансот од месец јули, во ноември и декември 2022 година донесени се и две одлуки за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Буџетот е реализиран на ниво од 96,28 %, односно во износ од 291 милијарди денари (4,7 милијарди евра).
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗГОЛЕМЕНИТЕ БУЏЕТСКИ ТРОШОЦИ НА ОПШТИНИТЕ ОД КРИЗАТА ВО 2022 ГОДИНА ВРЗ ОБЛАСТИТЕ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ Бројни патишта и улици, булевари, тротоари, плоштади, комунална инфраструктура, градинки и училишта, гасификации на општините – останале нереализирани во 2022 година бидејќи локалните власти, со ребалансите на буџетите, ги скратиле овие проекти од своите планови за капитални инвестиции, за сметка на поголемите трошоци за енергија во екот на енергетската и економската криза. Не се реализирале целосно ниту проектите што успеале да ги „преживеат“ ребалансите, бидејќи сепак останале само на хартија во ревидираните буџети. За време на оваа голема енергетска криза кога цените на енергијата, но и на сите останати производи, се вивнаа до плафон, достигнувајќи годишна стапка на инфлација речиси до 20 % во октомври лани, општините со ребалансите всушност ги зголемиле своите планови за трошење, но за тековни потреби. Почетните буџети на општините во 2022 година изнесувале 45.050.433.609 денари (732.527.375 евра). Со ребалансите на буџетите, оваа сума е дури зголемена за 5,24 %, односно за 2.361.703.989 денари (38.401.691 евра). Со тоа, вкупниот буџет на сите ЕЛС достигнал 47.412.137.598 денари (770.929.066 евра), но, на крајот од годината, реализирани се 83,73 % од оваа сума, односно 39.697.534.979 денари (645.488.374 евра).
Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањето открива дека спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување. Преземете го истражувањето на македонски, албански и англиски јазик со кликнување на соодветната слика:
Редовно годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Преземете ги рангирањето и анализата овде.
38 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јануари-декември 2022)
Извештај од истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција
Документ со препораки за поттикнување на спроведувањето „зелени“ јавни набавки и спречување на корупцијата во процесот
Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост 2022 година
Индексот на рационаност 19 е изработен за следниве производи: прочистувачи на воздух; лаптоп компјутери и индустриска сол.
Индекс на рационалност 18 е изработен за следниве производи: училишни интерактивни табли; пeлети со топлинска моќност од минимум 4,6 kwh/kg и пелети со топлинска моќност од 4,9 до 5,3 kwh/kg и хартија за печатење.
Јавни набавки и користење конкурентни процедури во услови на криза
Индекс на активна транспарентност за 2022 година
Овој извештај е изработен врз основа на длабински мониторинг на 40 постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи за заштита од КОВИД-19, чии договори се склучени во второто полугодие од 2021 година, односно од 1 јули до 31 декември 2021 година. Опфатените 40 постапки претставуваат 52 % од сите тендери за КОВИД-19 во периодот на мониторингот (вкупно 77 тендери). Вредноста на мониторираните тендери изнесува 1,25 милиони евра, што е 30,4 % од вредноста на сите тендери за КОВИД-19 во анализираниот период (4,1 милиони евра). Мониторингот опфаќа длабинско следење на јавните набавки и откривање на ризиците од корупција во сите фази на набавките, од утврдување на потребата и планирање на набавката, преку спроведување на постапката за јавна набавка, сè до склучување и спроведување на договорот за јавната набавка.
Овој извештај е изработен врз основа на длабински мониторинг на 40 постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи за заштита од КОВИД-19, чии договори се склучени во првото полугодие од 2021 година, односно од 1 јануари до 30 јуни 2021 година. Опфатените 40 постапки претставуваат 38 % од сите тендери за КОВИД-19 во периодот на мониторингот (вкупно 106 тендери). Вредноста на мониторираните тендери изнесува 5,7 милиони евра, што е 36 % од вредноста на сите тендери за КОВИД-19 во анализираниот период (15,7 милиони евра). Мониторингот опфаќа длабинско следење на јавните набавки и откривање на ризиците од корупција во сите фази на набавките, од утврдување на потребата и планирање на набавката, преку спроведување на постапката за јавна набавка, сè до склучување и спроведување на договорот за јавната набавка.
Извештај од истражувањето на медицинскиот третман на пациентите во КОВИД-центрите во земјава, во смисила на клучни лекови и опрема. Целта на истражувањето е наодите да се искористат како појдовна основа за да се извлечат препораки за промена на праксата и креирање политики и стратешки документи при евентуални идни слични кризи.
Редовен годишен извештај во сенка за состојбите во јавните набавки во Северна Македонија кој дава осврт на позначајните аспекти и пробеми при спроведувањето на набавките, како и препораки за унапредување.
Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија 2015-2019 година
Редовен, годишен извештај во сенка за состојбата во јавните набавки во Северна Македонија.
„Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?“