Mерки за стеснување на просторот за корупција во јавната администрација

Центарот за граѓански комуникации ги достави мерките за стеснување на просторот за корупција во јавната администрација до надлежните институции и медиуми во земјата. Мерките беа дефинирани на работилницата која се оддржа на 24 октомври, а беа предложени од домашни експерти и претставници на надлежните институции.Мерките главно се насочени кон: професионализација на јавната администрација; вработување и унапредување на државни службеници само врз основа на работното искуство, знаењето и остварените резултати; намалување на дискреционите права на раководителите на државните институции за избор на вработените; воведување на систем на награди и казни за државните службеници; ограничување на просторот на разни комисии да одлучуваат арбитрарно; јасно дефинирање, усогласување, унифицирање и објавување на сите услови и документи што се потребни за добивање на услугите од јавната администрација, како и автоматизација на одредени услуги. Центарот им препорачува на сите релевантни институции да ги преземат мерките во интерес на генералните заложби за намалување на корупцијата во Република Македонија.  
октомври 24, 20085262

Корупцијата во оваа област е генерирана од бавноста на администрацијата, нетранспарентните постапки, недоволно јасните и неусогласени процедури и критериуми, како и широкиот простор за арбитрарно одлучување. Висината на митото зависи од видот на услугата што ја бара граѓанинот.

На работилницата учествуваа експертите Вања Михајлова и д-р Никола Тупанчески, но своето мислење го поделија и претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата, Стопанската комора на Македонија, Државниот завод за ревизија, Царинската управа, Град Скопје и други.

Предложените мерки за стеснување на просторот за корупција во јавната администрација може да ги превземете во делот извештаи или овде.