Проектот треба да им овозможи на македонските новинари поголемо и поефективно користење на јавно достапните информации во насока на унапредување на квалитетот на информирањето и промовирање на слободата на изразувањето и независноста на медиуми. Проектот е финансиран од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а се спроведува во партнерство со Access Info Europe од Шпанија и Балканската истражувачка мрежа на новинари - БИРН од Македонија.