ПочетнаКатегорија

Uncategorized @mk

  Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија објавуваат јавен повик за доделување грантови за граѓански организации. Целта е да се даде придонес кон намалување на корупцијата во бизнис-секторот во земјава, преку заедничко делување на сите релевантни чинители од јавниот сектор, приватниот сектор и од граѓанското општество. Предвидено е да се доделат шест (6) грантови во износ од 6.000 до 8.000 евра (во денарска противвредност од 368.000 до 490.000 денари) во времетраење  од 12 месеци. Целосните апликации со придружните документи треба да се испратат единствено во електронска форма на center@ccc.org.mk (со назнака во Subject: Повик за доделување грантови - Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот) најдоцна до 15 октомври 2019 година. Проектната документација и деталните упатства за аплицирање можат да се преземат на следните линкови: Отворен повик за доделување грантови Прилог 1: Образец за пријавување Прилог 2: Образец за буџет

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Партизирани раководни структури во државните претпријатија Денеска (11.09.2019) Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето Право или политика: Изборот на членови на управните и надзорните одбори во државните претпријатија. Истражувањето е проследено со отворена база на податоци за членовите на управните и на надзорните одбори на 30 најголеми претпријатија во земјата. Дел од наодите од истражувањето се: Владата и единиците на локалната самоуправа немаат официјален документ што го регулира процесот на селекција на членовите на раководните органи на претпријатијата што ги основаат. Тие, како основачи, не објавуваат огласи за избор на членови во раководните органи на државните претпријатија, не вршат проверка на квалификуваноста ниту, пак, ги интервјуираат потенцијалните кандидати. Од обемното истражување во кое беа вклучени и основачите и претпријатијата, не можеше да се утврди кој, врз основа на кои критериуми и во каква постапка им предлага на Владата и на општинските совети да ги изберат токму тие лица за членови на управните и на надзорните одбори. Со оглед на целосната нетранспарентност на процесот, оправдан е сомнежот дека списоците за именување на членови на управните и на надзорните одбори на претпријатијата во државна сопственост се составуваат надвор од институциите, односно во партиските кругови. Како членови на управните одбори во најголемите државни претпријатија се јавуваат многу политички кадри, секторски директори во други државни претпријатија, припадници на државната администрација, сметководители во приватни компании, секретари на училишта, педагози, психолози па и раководител на бензинска пумпа, сопственик на златарски дуќан итн. Само една третина од членовите на надзорните одбори за контрола на материјално-финансиското работење имаат економско образование и...

  Денеска, 3 јули 2019 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци на сите амбулантни возила во земјава (санитетски и возила за брза помош). Базата на податоци открива дека во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции. Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53% се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција. Најмногу амбулантни возила има во Скопје, 30 и во Охрид и Битола по 12. Следат Велес и Куманово каде што има по 8 амбулантни возила. Двете најстари возила се од 1988 година, а најупотребуваното има поминато дури 1 милион и 360.000 километри. За споредба со амбулантните возила, министерствата и општините (според базата на податоци што Центарот за граѓански комуникации ја објави во октомври 2018 година) имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 15-то патничко возило доаѓа по едно амбулантно возило. Базата на податоци е изработена врз основа на добиени одговори на барања за слободен пристап од сите 90 здравствени институции во земјава. Податоците од оваа база се ставаат на располагање во отворен формат за да послужат како основа за натамошно користење и истражување. Во крајна линија, целта е сите заедно да придонесеме за подобрување на квалитетот и условите за живот во земјава. Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество....

Овој повик за учество на обука се однесува на локални граѓански организации кои ги исполнуваат следниве критериуми:   1) да се регистрирани во Северна Македонија; 2) да се активни во период подолг од една година; 3) да се непрофитна организација; 4) да имаат годишен обрт на средства до 50.000 евра. Цел на обуката: Со оваа обука сакаме да ги зголемиме капацитетите на локалните граѓански организации во државите од Западен Балкан и да овозможиме тие активно...

Денес, 11 јуни 2019 година, Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: -Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани. Процентот на исполнетост на обврските за проактивно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 56% (од можни 100%) и е зголемен за 12,5 процентни поени во однос на лани (кога просечно изнесуваше 43,5%). -Трета година по ред, проактивното објавување информации на министерствата е во пораст и тие се значително подобри од општините кои, пак, по двегодишно влошување, првпат бележат подобрување во активната транспарентност. Просечната активна транспарентност на министерствата изнесува 77,6%, додека на општините 51,7%. -Битола го задржа севкупното прво место од лани, додека од министерствата, годинава најдобро рангирано е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на второто место. Во однос на регионите, Источниот Регион му го зазеде ланскиот примат на Пелагонискиот Регион, додека Скопскиот Регион падна на последното место. -Најмалку информации, и министерствата и општините, објавуваат за финансиите, и тоа министерствата 57%, а општините само 26% од информациите што треба да ги објавуваат. -Кога станува збор за одговор на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите во ист ден и со иста содржина, општините одговорија во просек за 21 ден (лани за 20 дена), а...

Ве покануваме да учествувате во една од трите работилници наменети за граѓанските организации-ГО на тема Намалување на корупцијата во бизнис секторот. Работилниците се дел од ЕУ проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, а се организирани од Центарот за граѓански комуникации во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници. Иако бизнис секторот е еден од клучните чинители и засегната страна во справувањето со корупцијата, државните претпријатија и приватните фрими во земјава досега не се вклучени систематски во активности за борба против корупцијата. Трите работилници кои ќе следуваат имаат за цел да придонесат кон градење на капацитетот на локалните ГО за нивно активно вклучување во спречувањето на корупцијата во бизнис секторот. Намерата е ГО да стекнат поголемо познавања за корупцијата и пристапите за нејзино спречување и да се утврдат нивните  потреби за тие да добијат ефективна улога во справувањето со корупцијата во бизнис секторот. Работилниците исто така ќе бидат можност организациите да се запознаат подетално со проектот, со методологиите и алатките развиени како дел од проектот и со претстојниот повик за мали грантови наменети за оценка на практиките во локалните јавни претпријатија. Работилниците ќе се одржат во следните термини и локации: 5 Јуни 2019, во Велес (ресторан Глориус) 6 Јуни 2019, во Битола (хотел Милениум) 7 Јуни 2019, во Тетово (хотел Лирак) Работилниците започнуваат во 10:00 часот, а за точните локации ќе бидете известени дополнително. Нацрт програмата за работилниците е тука. За учество во работилниците потребно е да испратите пополнета пријава на mmitevski@ccc.org.mk најдоцна до 05...

Скопје, 22 мај 2019 година - Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од мониторингот на јавните набавки во земјата за периодот јули-декември 2018 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Клучните наоди од мониторингот вклучуваат: - Зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на делови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и ефикасното искористување на средствата. - Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Гледано на годишно ниво, во дури 32% од мониторираните тендери е добиена само една понуда. - Зголемена е примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Во 2018 година се склучени вкупно 596 договори без објавување оглас, во вредност од 33 милиони евра, што е за 4 милиони евра повеќе од 2017 година. - Продолжува да расте бројот на тендери што се поништени. Во 2018 година, целосно или делумно се поништени 27% од сите постапки за јавни набавки, што претставува раст од 3 процентни поени во однос на претходната година. - Спроведувањето на јавните набавки од локално ниво се карактеризира со истите проблеми како години наназад: ниска конкуренција, многу тендери со по еден понудувач, висок процент на поништени тендери и стари, лоши, практики. - Во 2018 година, фирмите доставиле 695 жалби до Државната комисија за жалби по јавните набавки, што претставува зголемување во однос на претходната година за дури 37%. Најновата анкета меѓу фирмите покажува дека: - Најчест проблем со...

Денес, 22 мај 2019 година, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од мониторингот на јавните набавки во земјата за периодот јули-декември 2018 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Клучните наоди од мониторингот вклучуваат: - Зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на делови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и ефикасното искористување на средствата. - Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Гледано на годишно ниво, во дури 32% од мониторираните тендери е добиена само една понуда. - Зголемена е примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Во 2018 година се склучени вкупно 596 договори без објавување оглас, во вредност од 33 милиони евра, што е за 4 милиони евра повеќе од 2017 година. - Продолжува да расте бројот на тендери што се поништени. Во 2018 година, целосно или делумно се поништени 27% од сите постапки за јавни набавки, што претставува раст од 3 процентни поени во однос на претходната година. - Спроведувањето на јавните набавки од локално ниво се карактеризира со истите проблеми како години наназад: ниска конкуренција, многу тендери со по еден понудувач, висок процент на поништени тендери и стари, лоши, практики. - Во 2018 година, фирмите доставиле 695 жалби до Државната комисија за жалби по јавните набавки, што претставува зголемување во однос на претходната година за дури 37%. Најновата анкета меѓу фирмите покажува дека: - Најчест проблем со којшто се...

Центарот за граѓански комуникации објавува оглас за ангажирање на програмски асистент во организацијата.Потребни квалификации: »   Искуство во IT област;»   Добро познавање на data scraping и data processing;»   Одлични вештини за визуелизација на податоци и користење на алатки за визуелизација;»   Познавање од бази на податоци;»   Одржување (дополнување, промени и надградба) на веќе постоечки веб сајтови изработен во Wordpress и Joomla и одржување на сајт со имплементирана Open Data функционалност;»   Познавање на хардверски компоненти и мрежни системи;»   Одлично познавање на MS Office;»   Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик. Ќе се смета за предност IT образование, работно искуство во граѓанскиот сектор, истражувања или визуелизација на податоци. Работното место е на неопределено време, но со пробен период од три месеци, бруто платата е 700 евра.Биографиите и портфолија (за докажување на претходното искуство) да се испратат на: jobs@ccc.org.mk. Рок за пријавување: 20.04.2019 година. Само кандидатите кои ќе поминат во вториот круг ќе бидат контактирани.

Документ за јавни политики

Планирањето на јавните набавки во Македонија: Помеѓу потребите и реалноста - Состојба, проблеми што треба да се надминат и предлози за унапредување на фазата на планирање на јавните набавки.

Транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведувањето на јавните набавки - 2018. Целата анализа можете да ја преземете овде.

Денеска, 5 февруари 2019 година, Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци за сите тендери на локалните власти за новогодишно украсување за дочекот на 2019 година. Базата на податоци открива дека за дочекот на Новата 2019 година се украсија повеќе општини и се потрошија повеќе пари од лани. Локалните власти склучија договори за новогодишно украсување во вкупна вредност од околу 615 илјади евра. Најголем дел од парите завршија кај скопската фирма Линк Медиа Плус која за два договори (со Градот Скопје и со Општина Струмица) ќе добие над 300 илјади евра, а најголем број на договори и тоа дури 11 во вкупна вредност од 185 илјада евра добила фирмата Метал-Вет-Ел од Скопје. Базата на податоци дава преглед на трошоците за новогодишно украсување во период од 4 години и овозможува споредба дали одредена општина го зголемила или намалила овој трошок. Податоците од оваа база се ставаат на располагање во отворен формат за служат како основа за натамошно користење и истражување. Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот што го спроведува ЦГК е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Документ за јавни политики: (Не)функционирањето на системот за спречување на корупцијата во јавните набавки во Македонија

Тендерите, како што популарно се нарекуваат јавните набавки, се област која е една од најподложните, ако не и најподложна на корупција. Токму поради ова, како во многу други земји така и во Македонија, мноштво институции во системот имаат, барем онака како што е поставено и правно регулирано, одредена улога во борбата против корупцијата во јавните набавки. Но, како и во многу други области така и овде, тој систем генерално не функционира. Документот ја анализира улогата на секоја од вклучените институции во системот и предлага мерки за поефикасна борба против корупцијата во јавните набавки.  

Скопје, 30.01.2019-Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, во кое клучни наоди се: Просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, односно исполнувањето на законските обврски и добрите стандарди, изнесува само 28% од можни 100%. Ниту едно од 30-те најголеми претпријатија во државна сопственост, чии вкупни годишни приходи надминуваат 700 милиони евра, нема високо или солидно ниво на транспарентност (исполнување на обврските над 60%). Исполнети се услови за разрешување на 18 директори на јавни претпријатија, од кои 6 основани од Владата, а 12 од локалните власти, поради необјавување извештаи од работењето. Претпријатијата основани од Владата имаат просечно ниво на транспарентност од 31%, а претпријатијата основани од општините 27%. На врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските, и тоа од само 52%, е ЈП за државни патишта, а на дното со 0% се наоѓа АД  Градски трговски центар. Речиси половина од претпријатијата ги немаат објавено ниту имињата на членовите на управните и на надзорните одбори. Ниту едно претпријатие основано од Владата или од општините не објавува информации за седниците на управните одбори. Обврската за задолжително објавување на плановите за јавни набавки со сите измени и дополнувања не ја почитуваат дури 67% од претпријатијата. Истражувањето е достапно и на opendata.mk. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија.

Сумирани информации за главните карактеристики на јавните набавки во земјава за 2017/2018, борбата против корупцијата во јавните набавки, како и споредбени показатели и трендови за земјите од регионот

Денеска, 18 октомври 2018 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци: Сите автомобили на Владата и општините. Оваа база содржи 15.870 поединечни податоци за возилата на сите министерства и општини: марка и модел на возилото, кога е произведено, кога е набавено и набавната вредност. Базата открива дека министерствата и општините поседуваат 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност. Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра. И централната и локалната власт најмногу возат Шкоди, Фолксваген и Форд. Сепак, сите пет најскапи возила се Мерцедеси купени од министерствата за внатрешни работи (572.780 евра), за надворешни работи (81.301 евра) и за финансии (76.768 евра), како и општините Свети Николе (77.839 евра) и Кавадарци (70.075 евра). Центарот за граѓански комуникации ги обезбеди изворните податоци преку барања за пристап до јавни информации доставени до 97 институции. Беа потребни повеќе од три месеци само да се приберат информациите што говори за ниското ниво на отчетност и воопшто на прецизна евиденција за имотот со којшто се располага. Обработените податоци се направени достапни во отворен формат за натамошна употреба. Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот што го спроведува ЦГК е...

Многу ниска конкуренција на локалните тендери СКОПЈЕ, 26 јуни 2018 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот април-септември 2017 год., којшто ги покажа следниве главни констатации: »        Ниската конкуренција на локалните тендери и натаму продолжува да се движи под три понудувачи, што се смета за минимум конкуренција. На мониторираните тендери имало просечно по 2,8 понудувачи. Она што дополнително загрижува е зголемениот процент на тендери со една или ниту една понуда, којшто скокна дури на 40% во мониторираниот период, највисоко ниво во последните 3 години. »        Процентот на поништени постапки за јавни набавки во мониторираниот примерок скокна на 20%, достигнувајќи ја повторно највисоката граница во последните пет години. Во дури 50% од поништените постапки, причина за поништување било немањето ниту една понуда. »        Електронската аукција се одржала само во 58% од мониторираните тендери. Таа е успешна само кај набавките со поголема конкуренција, додека во другите е само формална и често изгледа како фирмите да се договараат како ќе настапат на аукцијата. »        Како во ниту еден друг период порано, во текот на овој мониториран период податоците побарани преку правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во дури 28% од тендерите се обезбедени по пат на жалба до Комисијата за заштита на ова право. Извештајот од мониторингот е достапен тука. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Скопје, 21 јуни 2018 година - Центарот за граѓански комуникации денеска го објави Индексот на активна транспарентност за 2018 година, што значи објавување јавни информации на сопствена иницијатива на институциите. Истражувањето и рангирањето ги опфаќаат сите 81 општина и градот Скопје, 15-те министерства и Владата на РМ. Процентот на исполнетост на обврските за објавување на јавни информации на сите 97 вклучени институции изнесува 43,5% (од можни 100%). Ова значи дека општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2018 година се задржа на ниско ниво. Степенот на активна транспарентност во 2018 година е незначително зголемен во однос на 2017 година (кога просечно изнесуваше 42,5%). Законската основа за активната транспарентност на институциите се наоѓа пред сè во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и др. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од практиката, односно кога една институција ги прави достапни до сите граѓани одговорите на прашањата што почесто ги добива во форма на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. За разлика од претходните две години, сега, генерално, министерствата и Владата стојат подобро од општините според нивната активна транспарентност. Општините се наоѓаат на првите 2 места од ранг-листата, но просечниот скор на сите општини заедно е намален од 41% на 39%, додека скорот на министерствата е зголемен од 48% на 66%. Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите...

Фирмите и натаму се незадоволни од јавните набавки СКОПЈЕ, 13 јуни 2018 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јули-декември 2017 година и приказ на клучните состојби за цела 2017 година. Клучни наоди од анкетирањето на 210 фирми за нивното искуство во јавните набавки, спроведено во периодот февруари-март 2018 година: ’Најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите. Испитаните фирми чекаат просечно по 6 месеци и 21 ден за да ги добијат парите за завршената работа. Пред 2 години просекот изнесуваше 8 месеци, а лани 6 месеци. 95% од фирмите сметаат дека на е-аукциите се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот на набавките во однос на нивната цена. Дури 88% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. Најголем дел од фирмите, односно 47%, сметаат дека во јавните набавки има корупција, но ретко; 5% велат секогаш, а 36% често. Само 12% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција. Доминантен дел од фирмите се изјасниле дека во тендерите на кои учествувале, почесто или поретко сведочеле на непочитување на Законот за јавни набавки. Дури 96% од испитаните фирми никогаш или ретко се жалат на тендерите во коишто учествуваат, главно поради високиот надоместок за трошоците во жалбената постапка и недовербата кон...

ПОВИК за доделување грантови на граѓански организации Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со Фондацијата Фокус во рамките на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“, финансиран од Европската Унија преку програмата ИПА за поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите 2015, објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) за спроведување истражување за оценка на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на општините во земјава за 2017 и 2018 година, според однапред утврдена методологија. Предвидено е да се доделат осум (8) грантови во максимален износ до 7.000 евра по грант (во денарска противвредност од 430.000 денари). Апликациите да се достават до 28 мај 2018 година, до 12.00 часот, на center@ccc.org.mk и на ccc.oglasi@gmail.com, со назнака: Network/SG2018. Проектната документација и детални упатства за аплицирање можат да се преземат на следнве линкови:   Повик за доделување грантови со упатство за аплицирање Прилог 1: Образец за пријавување Прилог 2: Буџет Повеќе за проектот и за истражувањето

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведување на јавните набавки. Целата анализа можете да ја преземете овде или да пристапите до електронската верзија на следниов линк.

СКОПЈЕ, 7 февруари 2018 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 17 во кој се споредени цените по кои се купувани зимски и летни работни униформи што се дел од личната заштитна опрема (ХТЗ-опрема) кај комуналните претпријатија, потоа цените за набавка на кломпи, кои како работни обувки најчесто ги купуваат детските градинки, следува одржување хигиена во внатрешни работни простории во различни државни институции и системи за инфузија кои ги купуваат здравствените установи. Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на летните работни униформи, а најмала во набавката на системите за инфузија. Сумарно, индексот на рационалност ги даде следните сознанија: летните работни униформи комуналните претпријатија ги купувале по цени од 424 до 2.773 денари, со што највисоката цена е за 554% повисока од најниската; зимските работни униформи од страна на комуналните претпријатија се купувани по цени од 1.124 до 4.602 денари, со што највисоката цена е за дури 309% повисока од најниската; работните обувки – кломпи се купувани по цени од 718 до 2.183 денари, со што највисоката цена е за 204% повисока од најниската; одржувањето на хигиената во внатрешните работни површини ги чинела државните институции од 30 до 103 денари за еден метар квадратен месечно, со што највисоката цена е за 243% повисока од најниската цена и системите за инфузија се купувани од страна на здравствените институции по цени од 5,78 до 9,98 денари за еден систем, со што највисоката цена е за 73% повисока од најниската. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на...

Со последната обука за истражувачко новинарство во новите медиуми, која се одржа на крајот од јануари, се заокружи циклусот од десет напредни обуки на кои вкупно 96 новинари од 55 медиуми од целата земја стекнаа нови знаења и подобрени вештини за истражување и известување за најважните теми во општеството. Темите на обуките се избираа во зависност од укажувањата на новинарите за нивните потреби или од конкретните состојби во земјата и тоа – од начинот на пребарување на т.н. „Панама пејперс“, преку истражување и известување за изборниот процес, за финансиски и економски прашања, за теми од локално значење, сѐ до специјализирани обуки за телевизиски новинари и новинари од новите медиуми, како и обуки за користење во истражувањето на дигитални и форензични алатки и обуки за обезбедување на квалитетно истражувачко новинарство за помлади новинари и за најнапредни истражувачки новинари. Предавачи беа истражувачки новинари, обучувачи и експерти од Европа, регионот, но и од Македонија. Меѓу нив, Кристијан Триберт, наградуван истражувачки новинар од Холандија, Кит Стафорд, водечки меѓународен тренер на Ројтерс, Рејчел Рајт, продуцент и новинар на ББЦ, истражувачки новинари и уредници од водечката ТВ редакција за истражувачко новинарство во регионот Инсајдер, како и од една од најдобрите регионални мрежи за истражување на корупцијата, Крик, и двете од Србија. Како резултат, редовниот годишен мониторинг на известувањето на медиумите покажа зголемено присуство на истражувачките и на аналитички новинарски стории во 2017 година во однос на 2016 година, односно скок на учеството на овие текстови во вкупниот број текстови од 5% на 8,8%, со подобрени елементи во самите стории. Сите...

Тендер со апсурдни цени од 0,01 денар СКОПЈЕ, 04 декември 2017 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јануари - јуни 2017 година. Клучни наоди од мониторингот на јавни набавки се: Во дури 35% од мониторираните тендери има отфрлање на дел од понудите бидејќи се оценети како неприфатливи. Ова дополнително ја влошува конкуренцијата на тендерите. Во дел од тендерите, за време на електронската ауција се постигнуваат толку ниски цени што се доведува во прашање реалноста на проценетата вредност на тендерите, како и квалитетот на набавките. ’Најниската цена‘ како единствен критериум за избор води кон тендери со апсурдни цени од 0,01 денар и 0,01 процент. Оваа пазарна нелогичност го зголемува ризикот од можни манипулации во реализацијата на тендерот. Во првото полугодие од 2017 година до Советот за јавни набавки беа доставени 7.583 барања од договорните органи, односно само 9% помалку од истиот период претходната година. За дадените мислења, Советот им фактурирал на договорните органи вкупен износ од 806.172 евра. Во првото полугодие од 2017 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,4 милиони евра, што е за 12% повеќе од истиот период лани. Во пораст е поништувањето на тендерите. Во првото полугодие од 2017 година поништени се 2.033 тендери (целосно или нивен дел), што е удел од 23,7% од вкупно објавените огласи во истиот период. Во првото полугодие од 2017 година изречени се 19 негативни референци за 17 фирми. За повеќе информации,...

Ова е втор ваков мониторинг на медиумите, по оној во 2016 година. Мониторингот ги опфаќа истражувачките и аналитичките написи објавени во медиумите и има за цел да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации кои ќе дадат оцена на застапеноста и квалитетот на истражувачките и аналитичките новинарски текстови, како и на темите и областите на кои се однесуваат тие текстови. Воедно, резултатите од мониторингот на медиумите треба понатаму да послужат и како основа за преземање низа други акции насочени кон подобрување на медиумското известување, воопшто. На новинарите и на медиумите може да им помогне да ги лоцираат слабите страни во сегашното информирање и да им биде патоказ за унапредување на нивното известување. На невладините организации, пак, анализата може да им укаже на областите во кои е потребен поголем ангажман во насока на поредовно, попрофесионално и пообјективно информирање на јавноста. Мониторингот на медиумите за процена на квантитетот и квалитетот на истражувачкото и аналитичкото новинарско известување се спроведува во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија. Целта на проектот што се реализира во периодот 2016- 2019 година е да се поттикне растот на прецизното и истражувачкото новинарство во насока на подобро информирање на јавноста и заштита на јавниот интерес. Со други зборови, целта е да се поттикнат редакциите и новинарите да се посветат на подлабока и посуштинска анализа на проблемите со што ќе се издвојат квалитативно од напливот на кратки, брзи, површни и сензационалистички информации, овозможувајќи им на граѓаните контекст и подобар увид во состојбите.

СКОПЈЕ, 18 септември, 2017 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво, којшто ги покажа следниве констатации: - И натаму се намалува и онака ниската конкуренција на локалните тендери. На мониторираните тендери имало протендерите имало една или ниту една понуда. За споредба, во претходниот период, просечниот број понудувачи изнесувал 2,8, а на 29% од тендерите имало по еден или ниту еден понудувач - Иако тендерите траат сè подолго, фирмите имаат сè пократки рокови за изработка и за доставување на своите понуди. Договорните органи најчесто ги определуваат минималните законски рокови за доставување на понудите. Но, за разлика од овие календарски рокови, вистинските рокови што ги имаат фирмите за да ги изработат и да ги достават своите понуди се многу пократки. Постојат случаи во кои фирмите имаат само еден ден за изработка и за доставување на понудата. - Иако задолжителни за сите набавки, е-аукциите се одржале само во 55% од мониторираните тендери. Наспроти тоа, процентот на т.н. е-постапки или тендери кои се спроведуваат целосно по електронски пат изнесува 58%. Просечното намалување на цените за време на е-аукциите изнесувало само 10%. - Бројни се примерите во кои договорните органи постапуваат различно во исти ситуации – кога понудувачите не доставиле целосни понуди. Некои договорни органи бараат дополнување, но други веднаш ги исклучуваат тие понудувачи. Извештајот е достапен овде. За повеќе информации, Ве молиме контактирајте со Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на  center@ccc.org.mk.

Речиси секој трет тендер е со еден понудувач СКОПЈЕ, 20 јуни 2017 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јуни - декември 2016 година. Клучни наоди од мониторингот на јавни набавки се: Во 2016 година дури 23% од тендерите се целосно или делумно поништени. Почесто се поништувани поголемите, отколку помалите тендери. Во мониторингот се евидентирани низа примери на проблематични поништувања на тендерите. Речиси секој трет тендер е со еден понудувач. Ова е последица, пред сè, на малата конкуренција евидентирана во првото полугодие од 2016 година. Бирократизацијата на постапките за јавни набавки со барањата согласност од Советот за јавни набавки не губи значително од интензитетот. Во 2016 година договорните органи до Советот за јавни набавки вкупно доставиле 16.067 барања за согласност, што ги чинело вкупно 1,8 милиони евра. Иако била планирана во сите тендери, е-аукцијата е одржана само во 55% од мониторираните постапки. Во 2016 година се склучени 605 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 34,8 милиони евра. Вредноста на овие договори е за 20%  повисока од 2015 година. Најголемиот договор преку оваа нетранспарентна постапка го има склучено АД Електрани на Македонија за ископ на јаглен и јаловина за ПЕ Рудници, РЕК Битола, во вредност од околу 5,8 милиони евра. До Државната комисија за жалби по јавни набавки во 2016 година доставени се само 557 жалби од фирмите. Бројот на жалби упатува на исклучително мал процент на обжалени постапки за јавните набавки од страна на...

Анализа на резултатите од истражувањето на финансиските трансфери од општините до невладините организации во 2016 година Со ова истражување се мапираат карактеристиките на процесот на финансирање на невладините организации од буџетската линија 463, се утврдува нивото на транспарентност и отчетност на општините, се детектираат проблемите и слабостите во процесот и се дефинираат препораки за подобрување на веќе востановените практики. Со ова истражување, за прв пат во Македонија, на едно место се претставени сумарни и поединечни податоци за средствата доделени од општините на невладините организации, листата на добитниците на проектите, како и транспарентноста на целиот процес од објавувањето оглас до реализацијата на проектите. До базата на отворени податоци од истражувањето може да се оди преку следниот линк.