Работни состаноци за примена на препораките за полесен пристап на микропретпријатијата до јавните набавки
КОЧАНИ, 24.01.2013 – Со одржување на состанокот во Кочани, заврши серијата работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините во вардарскиот и источниот регион за примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Препораките беа издадени во почетокот на 2013 година до повеќе од 200 локални институции од 21 општина. Нивната примена значи намалување на административните и на другите пречки во спроведувањето на јавните набавки кои оневозможуваат пристап на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Со создавање услови за зголемено учество на овие фирми на пазарот на јавни набавки, во крајна линија, се подобрува локалната економија во овие општини. На 12-те состаноци околу примената на препораките, позитивните аспекти од нивното спроведување и за тешкотиите со кои се соочуваат договорните органи за време на спроведување на јавните набавки вкупно присуствуваа 135 лица задолжени за спроведување на јавните набавки во локалните институции. Станува збор за општини, јавни комунални претпријатија, болници, здравствени домови, училишта, градинки, музеи, библиотеки, и сл. Анализата на спроведувањето на препораките покажува дека најчесто се спроведувале препораките за објавување на тендерската документација заедно со огласот за јавната набавка, определување разумни рокови за фирмите за поднесување понуди на тендерите, поставување пропорционални критериуми за учество на фирмите во јавните набавки и барање на помалку документи од фирмите за учество на тендерите. За следниот период останува да се интензивира примената на останатите препораки, меѓу кои: јавно објавување на годишниот план за јавни набавки, зголемување на достапноста на информациите за тендерите и на други места освен на ЕСЈН, почесто делење на предметите...