Центарот за граѓански комуникации на 23 јуни, 2009 го претстави вториот тримесечен Извештај за резултатите од мониторингот на јавните набавки(.pdf) . Претставникот на Центарот за граѓански комуникации, Сабина Факиќ ги сумираше резултатите од мониторингот, односно ги потенцираше главните ризици кои стојат на патот на транспарентни, отчетни, ефикасни и рационални јавни набавки во Македонија. Констатирани се висок процент на поништување на јавните набавки, субјективно одредување на критериумите за избор на најповолна понуда, одолговлекување на донесувањето одлуки, мал број постапки преку е-аукција, необразложување на донесените одлуки, пораст на бројот на договори со постапката за преговарање без објавување на оглас и др. Просечната оценка со која економските оператори го оценуваат спроведувањето на постапките за јавни набавки изнесува 2,93 на скалата од 1 до 5.