ПочетнаКатегорија

Истражувања

Мапирање на состојбата со објектите за спорт во општините

Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањето открива дека спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување.

Редовно годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Преземете ги рангирањето и анализата овде.

Извештај од истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција

Извештај во сенка од следењето на работата и ефектите на Секторската работна група за управување со јавните финансии Извештај во сенка од следењето на работата и ефектите на Секторската работна група за конкурентност и иновации Извештај во сенка од следењето на работата и ефектите на Секторската работна група за транспорт   Извештаи во сенка за другите секторски работни групи

This Report represents the compilation of evidence-based finding and views of the Balkan Tender Watch coalition. Besides analyzing public procurement systems through main basic quantitative indicators of the functioning of the system and the impact of public procurement on the economic and social system, in this Report we tried to incorporate EU perspective, through analysis of EC Country Reports, statements and views dedicated to the area of public procurement. As we mentioned earlier, Covid-19 virus pandemic strongly affected all areas of life but also situation in public procurement systems of our countries. One chapter of this Report is precisely because of that dedicated to the findings and views of the Balkan Tender Watch Coalition regarding state of public procurement systems during pandemic. In the very end, we have identified and pointed out main corruption risks in the public procurement cycle in each of our countries. Based on our work results and experience from the past ten years and of course based on knowledge and capacities that our Coalition posses we formulated concrete regional recommendations for improvement of public procurement systems in observed WB countries.

Истражување на медицинскиот третман на пациентите во КОВИД-центрите во земјава, во смисила на клучни лекови и опрема. Целта на истражувањето е наодите да се искористат како појдовна основа за да се извлечат препораки за промена на праксата и креирање политики и стратешки документи при евентуални идни слични кризи.

За разлика од украсувањето на улиците кое главно беше откажано, продолжи практиката на институциите за купување новогодишни пакетчиња. За оваа намена се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена. Тендери за купување пакетчиња за новата 2022 година имале 20 институции, додека други 37 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавните набавки бидејќи вредноста на набавките била помала од илјада евра – колку што изнесува вредносниот праг под кој што не важи Законот за јавните набавки. Целото истражување прочитатјте го на следниот линк.

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците и патиштата во зимски услови за сезоната 2021-2022 година во вредност од половина милијарда денари (8 милиони евра). Целото истражување на следниот линк.

Истражување и анализа: Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственоста на Владата и на општините Предмет на анализа се јавните набавки на акционерските друштва и на јавните претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Овие 37 претпријатија1 во текот на 2019 година склучиле 3.342 договори за јавни набавки, во вкупна вредност од 15,2 милијарди денари, односно 247 милиони евра. За значајноста на прашањето за јавните набавки токму на овие договорни органи говори податокот дека годишната вредност на нивните набавки во вкупните набавки на Република Северна Македонија во 2019 година изнесува високи 27 %. Целта на оваа анализа е да ги мапира ризиците од корупција во јавните набавки низ сите фази во кои тие се спроведуваат, односно низ планирањето на набавките, спроведувањето на постапките за јавни набавки и реализацијата на склучените договори. Анализата е изготвена врз основа на детален скрининг на 103 постапки за јавни набавки и дополнителна проверка на цените што се постигнати во набавките на дополнителни 64 тендери спроведени од страна на овие акционерски друштва и јавни претпријатија, за изготвување на индексот на рационалност.

Индекс на активна транспарентност 2022 Индекс на активна транспарентност 2021 Индекс на активна транспарентност 2020 Индекс на активна транспарентност 2019 Индекс на активна транспарентност 2018 Индекс на активна транспарентност 2017 Индекс на активна транспарентност 2016 Под ’активна транспарентност’ се подразбира објавувањето на информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа за тие информации некој да има доставено до нив официјално барање за слободен пристап. Спротивно, во случаите кога до институцијата се доставува барање за одредена информација, станува збор за ’реактивна транспарентност’. Потребата од проактивното објавување на информации произлегува оттаму што на тој начин се обелоденуваат: информации за регулативата и за одлуките на властите со што се остварува правото на граѓаните да бидат информирани за своите права и обврски во општеството; информации коишто им се потребни на граѓаните за да бараат одговорност од властите; информации коишто им се неопходни на граѓаните за да можат да учествуваат во процесот на донесување на одлуки и информации коишто им се потребни на граѓаните за да можат да пристапуваат кон услугите што ги нудат јавните институции. И самата институција која што објавува информации на проактивна основа остварува користи по неколку основи. Прво, активната транспарентност ѝ помага на институцијата да биде поодговорна во трошењето на јавните пари. Второ, на тај начин институцијата ги промовира принципите на добро владеење и интегритет. Трето, институцијата е поефикасна бидејќи подобро управува со информациите со коишто располага. Се чини дека развојот на техниката и технологиите одат рака под рака и ја помагаат активната транспарентност на институциите бидејќи начините за дистрибуција на информациите кои ги поседуваат институциите,...

Користење на обемни бази на податоци како алатки во борбата против корупцијата Овој документ за јавни политики го претставува концептот на користење на обемните бази на податоци во антикорупцијата, начинот на негова примена, добрите страни и предизвиците, со посебен осврт на состојбата во Република Северна Македонија, почетните чекори, примената, како и препораки за забрзување на користењето на  оваа алатка во борбата против корупцијата.

Транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведување на јавните набавки за 2018 година. Целото истражување можете да го преземете овде.

Истражување проследено со отворена база на податоци за членовите на управните и на надзорните одбори на 30 најголеми претпријатија во земјата.

Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани. Процентот на исполнетост на обврските за проактивно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 56% (од можни 100%) и е зголемен за 12,5 процентни поени во однос на лани (кога просечно изнесуваше 43,5%). Трета година по ред, проактивното објавување информации на министерствата е во пораст и тие се значително подобри од општините кои, пак, по двегодишно влошување, првпат бележат подобрување во активната транспарентност. Просечната активна транспарентност на министерствата изнесува 77,6%, додека на општините 51,7%. Битола го задржа севкупното прво место од лани, додека од министерствата, годинава најдобро рангирано е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на второто место. Во однос на регионите, Источниот Регион му го зазеде ланскиот примат на Пелагонискиот Регион, додека Скопскиот Регион падна на последното место. Најмалку информации, и министерствата и општините, објавуваат за финансиите, и тоа министерствата 57%, а општините само 26% од информациите што треба да ги објавуваат. Кога станува збор за одговор на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите во ист ден и со иста содржина, општините одговорија во просек за 21 ден (лани за 20 дена), а министерствата за 34 дена (лани за 41 ден). Но, за разлика од лани кога одговорија сите институции, годинава дури 12% од институциите не одговорија на барањата.

Документ за јавни политики: (Не)функционирањето на системот за спречување на корупцијата во јавните набавки во Македонија

База на податоци: Сите автомобили на Владата и општините содржи податоци за возилата на сите министерства и општини: марка и модел на возилото, кога е произведено, кога е набавено и набавната вредност. Министерствата и општините поседуваат 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не откриваат податоци за набавната вредност.

Индекс на активна транспарентност 2018 Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2018 година се задржа на ниско ниво. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 43,5% (од можни 100%). Степенот на активна транспарентност во 2018 година е незначително зголемен во однос на 2017 година (кога просечно изнесуваше 42,5%). Според градацијата на активната транспарентност, најмногу институции, 35%, има во групата со ’просечна‘ активна транспарентност, а најмалку, 2%, во најдобрата група, онаа со ’многу добра‘ активна транспарентност. За разлика од претходните две години, сега, генерално, министерствата и Владата стојат подобро од општините според нивната активна транспарентност. Општините се наоѓаат на првите 2 места од ранг-листата, но просечниот скор на сите општини заедно е намален од 41% на 39%, додека скорот на министерствата е зголемен од 48% на 66%. Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите и понатаму објавуваат најмногу информации од областа на пристапот до информации, а најмалку од областа на буџетската и финансиската транспарентност. Во однос на регионите, според просечните резултати, и годинава најдобро стои Пелагонискиот Регион, а најслабо – Полошкиот. Општините одговорија во просек за 20 дена, а министерствата за 41 ден на барањето за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беше испратено на сите во ист ден и со иста содржина. 71% од институциите одговорија на барањето во максималниот законски рок од 30 дена, а 29% го испратиле одговорот со задоцнување.