МАК прв број
ВО ОВОЈ БРОЈКорупцијата е распространета насекаде во светот, особено во регионот на Балканот. Граѓаните на Црна Гора сметаат дека ја има најмногу во здравството, во Србија од годинава почна да работи Агенција за борба против корупцијата, а новоизбраниот претседател на Хрватска победи како антикорупциски кандидат. Угледниот британски весник Фајненшл Тајмс ја повикува ЕУ да ја поддржи борбата против корупција во балканските земји. Шпанија никако да стави крај на скандалите со корупција во градежништвото на локално ниво, а во Кина се проценува дека во последните 30 години јавните функционери ставиле в џеб 50 милијарди долари. Овие вести се на првите страници од овој месечник.Во продолжение, антикорупцискиот експерт Вања Михајлова ја анализира и споредува улогата и независноста на антикорупциските тела во земјите од регионот и нуди препораки за унапредување на ефикасноста на ова тело кај нас.Следи краток приказ на резултатите од неодамнешното истражување кое покажува дека медиумите во земјава не ја играат својата општествено важна улога во борбата против корупцијата, како и препораки за мерки што треба да се преземат за попрофесионално, понезависно и пообјективно известување за овој сериозен проблем.Во фокусот на овој број се и јавните набавки. Годишното истражување на процесот на јавни набавки кај нас покажува дека сè уште постои сериозен простор за злоупотреба и неефикасно трошење на јавните пари.Експертот за јавни набавки Дарко Јаневски ги анализира предностите и слабостите од примената на електронските набавки од аспект на нивната улога во намалување на корупцијата.Воведување на надзор и контрола во јавните набавки кај нас препорачува во својот став, Мирослав Трајановски, правен експерт за јавни набавки.Се надеваме...