МАК седми број
Во овој број Неколку невладини организации во Србија решија – против корупцијата да се борат со свирче! Формираа специјален интернет-портал преку кој секој граѓанин може да пријави корупција, односно да свирне со свирчето, а новинарите вработени во овој портал потоа ќе ги истражат сознанијата од таквите јавувања и ќе ја алармираат пошироката јавност. Иако работи само помалку од два месеца, порталот pištaljka.rs веќе има резултати. Дел од корупциски скандали или барем од обвинувања за корупција често се и Обединетите нации и првите луѓе на оваа светска организација. Шефот на одделот за внатрешна ревизија поднесе оставка обвинувајќи го директно генералниот секретар на ОН за недостиг на транспарентност и одговорност. Во соседно Косово, пак, во еден од големите корупциски скандали е уапсен гувернерот на Народната банка, додека во Бугарија пред суд ќе биде изведен лидерот на етничките Турци кои живеат во оваа земја поради сомневања за конфликт на интерес кога бил дел од власта, за време на претходната влада. Корупцијата цвета во земјите од Западен Балкан. Неколку последни извештаи од релевантни институции наведуваат дека борбата против корупцијата во земјите од Балканот е само декларативна претставувајќи на тој начин пречка на патот на овие земји кон членство во ЕУ. Нашиот редовен аналитичар, Вања Михајлова овој пат прави пресек на состојбата со корупцијата во земјите од нашето опкружување во обид да одговори на прашањето дали во овие земји има волја за справување со овој проблем. Во меѓувреме, групата држави против корупција при Советот на Европа (ГРЕКО) го објави Третиот извештај за евалуација за Македонија, во кој констатира недостиг од...