МАК тринаесетти број
НАШАТА ВИЗИЈАДемократизација на македонското општество преку подобро информирани граѓани и потранспарентно, поотчетно и поодговорно владеење. Центарот за граѓански комуникации е основан во април 2005 година, како невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани чија главна мисија е да ја подобрува и развива комуникацијата меѓу сите општествени фактори во Република Македонија за процесите од поширока општествена важност, како и да ги набљудува, анализира и унапредува општествено-политичките и економските процеси во земјата, пред сè во областите на антикорупцијата, локалната самоуправа и економскиот развој.Центарот за граѓански комуникации ја остварува својата мисија преку организирање и спроведување на истражувања, анализи, мониторинзи, обуки, семинари и трибини, како и издавање извештаи, публикации и прирачници за работа.Во своето шестгодишно дејствување, Центарот за граѓански комуникации ја фокусира својата работа врз две групи на меѓусебно поврзани активности: мониторинг и откривање на корупциски практики и врз основа на тоа препорачување на мерки и политики за намалување на просторот за корупција и унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите во борбата против корупцијата во земјава.Во оваа насока, ЦГК досега има спроведено десетина проекти во рамките на кои има изработено и предложено неколку стотини конкретни предлози и препораки за унапредување на регулативата и практиката во насока на потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење на централната и на локалните власти, има обучено речиси 200 новинари од националните и од локалните медиуми за истражување и известување за корупција и има објавено петнаесетина истражувања и прирачници. Освен ова, претставниците на ЦГК, како експерти активно се вклучени во креирање на разни антикорупциски стратегии, програми и иницијативи на други институции...