bitsia

Документ за јавни политики: (Не)функционирањето на системот за спречување на корупцијата во јавните набавки во Македонија

Тендерите, како што популарно се нарекуваат јавните набавки, се област која е една од најподложните, ако не и најподложна на корупција. Токму поради ова, како во многу други земји така и во Македонија, мноштво институции во системот имаат, барем онака како што е поставено и правно регулирано, одредена улога во борбата против корупцијата во јавните набавки. Но, како и во многу други области така и овде, тој систем генерално не функционира. Документот ја анализира улогата на секоја од вклучените институции во системот и предлага мерки за поефикасна борба против корупцијата во јавните набавки.  

Скопје, 30.01.2019-Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, во кое клучни наоди се: Просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, односно исполнувањето на законските обврски и добрите стандарди, изнесува само 28% од можни 100%. Ниту едно од 30-те најголеми претпријатија во државна сопственост, чии вкупни годишни приходи надминуваат 700 милиони евра, нема високо или солидно ниво на транспарентност (исполнување на обврските над 60%). Исполнети се услови за разрешување на 18 директори на јавни претпријатија, од кои 6 основани од Владата, а 12 од локалните власти, поради необјавување извештаи од работењето. Претпријатијата основани од Владата имаат просечно ниво на транспарентност од 31%, а претпријатијата основани од општините 27%. На врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските, и тоа од само 52%, е ЈП за државни патишта, а на дното со 0% се наоѓа АД  Градски трговски центар. Речиси половина од претпријатијата ги немаат објавено ниту имињата на членовите на управните и на надзорните одбори. Ниту едно претпријатие основано од Владата или од општините не објавува информации за седниците на управните одбори. Обврската за задолжително објавување на плановите за јавни набавки со сите измени и дополнувања не ја почитуваат дури 67% од претпријатијата. Истражувањето е достапно и на opendata.mk. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија.

КАНАЛ 5, 30.12.2019, Истражување ЦКГ: Старите навики посилни и покрај новиот закон за јавните набавки МРТ, 30.12.2019, Старите навики посилни од новиот Закон за јавни набавки МЕТА, 30.12.2019, Јавни набавки: Секој трети тендер со само една понуда, секој четврти поништен СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, 30.12.2019, ЦГК: Секој четврти тендер е целосно или делумно поништен ФОКУС, 30.12.2019, ЦГК: На една третина од тендерите се јавил само еден понудувач, а секој четврти тендер бил поништен ВЕЧЕР, 30.12.2019, Секој четврти тендер во државните институции е целосно или делумно поништен МАКПРЕС, 30.12.2019, Старите навики - посилни од новиот закон за јавните набавки ФАКТОР, 30.12.2019, Никој не можел да изгради 14 базени за 200 милиони денари за АМС ДЕНАР, 30.12.2019, Најнов извештај од мониторингот на јавните набавки: Старите навики – посилни од новиот закон за јавните набавки ФАКТОР, 30.12.2019, Државата и натаму дели тендери „по најниска цена“ МКД, 30.12.2019, Влошена конкуренција, просечен број на понуди на државните тендери е 2,74 TELEGRAFI, 30.12.2019, Ligji i ri nuk rrit konkurrencën për furnizimet publike në Maqedoni PORTALB, 30.12.2019, Prokurimet publike: Çdo i treti tender me vetëm një ofertë, çdo i katërti i anuluar FLAKA, 30.12.2019, Furnizimet publike 2019, ligji i ri nuk rriti konkurrencën BOTASOT, 30.12.2019, Ligji i ri nuk rrit konkurrencën për furnizimet publike në Maqedoni ВЕСНИК, 30.12.2019, Секој четврти тендер во државните институции е целосно или делумно поништен РАДИО МОФ, 30.12.2019, Влошена конкуренцијата во јавните набавки, покажува новиот извештај на ЦГК КАРИЕРА, 30.12.2019, Туристички агенции на тендери со авионски билети од 0,01 денар ИНОВАТИВНОСТ, 30.12.2019, Влошена конкуренцијата во јавните набавки, покажува новиот извештај...

Сумирани информации за главните карактеристики на јавните набавки во земјава за 2017/2018, борбата против корупцијата во јавните набавки, како и споредбени показатели и трендови за земјите од регионот

Проектот има за цел да ги детектира ранливите точки за корупција во системите за јавни набавки на земјите од Западен Балкан преку споредбен мониторинг и анализа засновани врз однапред утврдена и проверена методологија и консултации со засегнатите страни; да обезбедува навремени и сеопфатни информации и анализи за состојбите во јавните набавки на земјите од Западен Балкан, како и да предлага препораки за промени во системите за јавни набавки кои ќе придонесуваа кон намалување на корупцијата во јавните набавки на земјите од Западен Балкан.

Проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ опфаќа активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис-секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата.

База на податоци: Сите автомобили на Владата и општините содржи податоци за возилата на сите министерства и општини: марка и модел на возилото, кога е произведено, кога е набавено и набавната вредност. Министерствата и општините поседуваат 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не откриваат податоци за набавната вредност.

Денеска, 18 октомври 2018 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци: Сите автомобили на Владата и општините. Оваа база содржи 15.870 поединечни податоци за возилата на сите министерства и општини: марка и модел на возилото, кога е произведено, кога е набавено и набавната вредност. Базата открива дека министерствата и општините поседуваат 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност. Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра. И централната и локалната власт најмногу возат Шкоди, Фолксваген и Форд. Сепак, сите пет најскапи возила се Мерцедеси купени од министерствата за внатрешни работи (572.780 евра), за надворешни работи (81.301 евра) и за финансии (76.768 евра), како и општините Свети Николе (77.839 евра) и Кавадарци (70.075 евра). Центарот за граѓански комуникации ги обезбеди изворните податоци преку барања за пристап до јавни информации доставени до 97 институции. Беа потребни повеќе од три месеци само да се приберат информациите што говори за ниското ниво на отчетност и воопшто на прецизна евиденција за имотот со којшто се располага. Обработените податоци се направени достапни во отворен формат за натамошна употреба. Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот што го спроведува ЦГК е...

Целта на овој Прирачник е да придонесе за посеопфатно и поквалитетно планирање и управување со јавните средства за задоволување на вистинските потреби и интереси на граѓаните од регионотна Западниот Балкан. За да се обезбеди што поголемо учество на граѓаните во оваа важна област на управувањето со јавните финансии, прирачникот ги сумира клучните чекори во постапките за јавни набавки и го свртува вниманието на воспоставените принципи на целисходноста кон секој од нив. Прирачникот има за цел да даде придонес кон напорите на коалицијата БТВ во најголема можна мера да го прошири фронтот на организации кои со своите активности „бараат одговорност од владите“ и ги заговараат неопходните реформи во земјите од регионот.

Многу ниска конкуренција на локалните тендери СКОПЈЕ, 26 јуни 2018 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот април-септември 2017 год., којшто ги покажа следниве главни констатации: »        Ниската конкуренција на локалните тендери и натаму продолжува да се движи под три понудувачи, што се смета за минимум конкуренција. На мониторираните тендери имало просечно по 2,8 понудувачи. Она што дополнително загрижува е зголемениот процент на тендери со една или ниту една понуда, којшто скокна дури на 40% во мониторираниот период, највисоко ниво во последните 3 години. »        Процентот на поништени постапки за јавни набавки во мониторираниот примерок скокна на 20%, достигнувајќи ја повторно највисоката граница во последните пет години. Во дури 50% од поништените постапки, причина за поништување било немањето ниту една понуда. »        Електронската аукција се одржала само во 58% од мониторираните тендери. Таа е успешна само кај набавките со поголема конкуренција, додека во другите е само формална и често изгледа како фирмите да се договараат како ќе настапат на аукцијата. »        Како во ниту еден друг период порано, во текот на овој мониториран период податоците побарани преку правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во дури 28% од тендерите се обезбедени по пат на жалба до Комисијата за заштита на ова право. Извештајот од мониторингот е достапен тука. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Индекс на активна транспарентност 2018 Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2018 година се задржа на ниско ниво. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 43,5% (од можни 100%). Степенот на активна транспарентност во 2018 година е незначително зголемен во однос на 2017 година (кога просечно изнесуваше 42,5%). Според градацијата на активната транспарентност, најмногу институции, 35%, има во групата со ’просечна‘ активна транспарентност, а најмалку, 2%, во најдобрата група, онаа со ’многу добра‘ активна транспарентност. За разлика од претходните две години, сега, генерално, министерствата и Владата стојат подобро од општините според нивната активна транспарентност. Општините се наоѓаат на првите 2 места од ранг-листата, но просечниот скор на сите општини заедно е намален од 41% на 39%, додека скорот на министерствата е зголемен од 48% на 66%. Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите и понатаму објавуваат најмногу информации од областа на пристапот до информации, а најмалку од областа на буџетската и финансиската транспарентност. Во однос на регионите, според просечните резултати, и годинава најдобро стои Пелагонискиот Регион, а најслабо – Полошкиот. Општините одговорија во просек за 20 дена, а министерствата за 41 ден на барањето за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беше испратено на сите во ист ден и со иста содржина. 71% од институциите одговорија на барањето во максималниот законски рок од 30 дена, а 29% го испратиле одговорот со задоцнување.

Скопје, 21 јуни 2018 година - Центарот за граѓански комуникации денеска го објави Индексот на активна транспарентност за 2018 година, што значи објавување јавни информации на сопствена иницијатива на институциите. Истражувањето и рангирањето ги опфаќаат сите 81 општина и градот Скопје, 15-те министерства и Владата на РМ. Процентот на исполнетост на обврските за објавување на јавни информации на сите 97 вклучени институции изнесува 43,5% (од можни 100%). Ова значи дека општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2018 година се задржа на ниско ниво. Степенот на активна транспарентност во 2018 година е незначително зголемен во однос на 2017 година (кога просечно изнесуваше 42,5%). Законската основа за активната транспарентност на институциите се наоѓа пред сè во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и др. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од практиката, односно кога една институција ги прави достапни до сите граѓани одговорите на прашањата што почесто ги добива во форма на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. За разлика од претходните две години, сега, генерално, министерствата и Владата стојат подобро од општините според нивната активна транспарентност. Општините се наоѓаат на првите 2 места од ранг-листата, но просечниот скор на сите општини заедно е намален од 41% на 39%, додека скорот на министерствата е зголемен од 48% на 66%. Во однос на одделните области на активната транспарентност – институциите...

Фирмите и натаму се незадоволни од јавните набавки СКОПЈЕ, 13 јуни 2018 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јули-декември 2017 година и приказ на клучните состојби за цела 2017 година. Клучни наоди од анкетирањето на 210 фирми за нивното искуство во јавните набавки, спроведено во периодот февруари-март 2018 година: ’Најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите. Испитаните фирми чекаат просечно по 6 месеци и 21 ден за да ги добијат парите за завршената работа. Пред 2 години просекот изнесуваше 8 месеци, а лани 6 месеци. 95% од фирмите сметаат дека на е-аукциите се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот на набавките во однос на нивната цена. Дури 88% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. Најголем дел од фирмите, односно 47%, сметаат дека во јавните набавки има корупција, но ретко; 5% велат секогаш, а 36% често. Само 12% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција. Доминантен дел од фирмите се изјасниле дека во тендерите на кои учествувале, почесто или поретко сведочеле на непочитување на Законот за јавни набавки. Дури 96% од испитаните фирми никогаш или ретко се жалат на тендерите во коишто учествуваат, главно поради високиот надоместок за трошоците во жалбената постапка и недовербата кон...

ПОВИК за доделување грантови на граѓански организации Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со Фондацијата Фокус во рамките на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“, финансиран од Европската Унија преку програмата ИПА за поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите 2015, објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) за спроведување истражување за оценка на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на општините во земјава за 2017 и 2018 година, според однапред утврдена методологија. Предвидено е да се доделат осум (8) грантови во максимален износ до 7.000 евра по грант (во денарска противвредност од 430.000 денари). Апликациите да се достават до 28 мај 2018 година, до 12.00 часот, на center@ccc.org.mk и на ccc.oglasi@gmail.com, со назнака: Network/SG2018. Проектната документација и детални упатства за аплицирање можат да се преземат на следнве линкови:   Повик за доделување грантови со упатство за аплицирање Прилог 1: Образец за пријавување Прилог 2: Буџет Повеќе за проектот и за истражувањето

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведување на јавните набавки. Целата анализа можете да ја преземете овде или да пристапите до електронската верзија на следниов линк.

Седумнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: летни работни униформи; зимски работни униформи; работни обувки-кломпи; одржување хигиeна во внатрешни работни површини и системи за инфузија Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2016 и во 2017 година. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво, коишто за набавките спровеле 53 тендери.

СКОПЈЕ, 7 февруари 2018 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 17 во кој се споредени цените по кои се купувани зимски и летни работни униформи што се дел од личната заштитна опрема (ХТЗ-опрема) кај комуналните претпријатија, потоа цените за набавка на кломпи, кои како работни обувки најчесто ги купуваат детските градинки, следува одржување хигиена во внатрешни работни простории во различни државни институции и системи за инфузија кои ги купуваат здравствените установи. Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на летните работни униформи, а најмала во набавката на системите за инфузија. Сумарно, индексот на рационалност ги даде следните сознанија: летните работни униформи комуналните претпријатија ги купувале по цени од 424 до 2.773 денари, со што највисоката цена е за 554% повисока од најниската; зимските работни униформи од страна на комуналните претпријатија се купувани по цени од 1.124 до 4.602 денари, со што највисоката цена е за дури 309% повисока од најниската; работните обувки – кломпи се купувани по цени од 718 до 2.183 денари, со што највисоката цена е за 204% повисока од најниската; одржувањето на хигиената во внатрешните работни површини ги чинела државните институции од 30 до 103 денари за еден метар квадратен месечно, со што највисоката цена е за 243% повисока од најниската цена и системите за инфузија се купувани од страна на здравствените институции по цени од 5,78 до 9,98 денари за еден систем, со што највисоката цена е за 73% повисока од најниската. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на...

Со последната обука за истражувачко новинарство во новите медиуми, која се одржа на крајот од јануари, се заокружи циклусот од десет напредни обуки на кои вкупно 96 новинари од 55 медиуми од целата земја стекнаа нови знаења и подобрени вештини за истражување и известување за најважните теми во општеството. Темите на обуките се избираа во зависност од укажувањата на новинарите за нивните потреби или од конкретните состојби во земјата и тоа – од начинот на пребарување на т.н. „Панама пејперс“, преку истражување и известување за изборниот процес, за финансиски и економски прашања, за теми од локално значење, сѐ до специјализирани обуки за телевизиски новинари и новинари од новите медиуми, како и обуки за користење во истражувањето на дигитални и форензични алатки и обуки за обезбедување на квалитетно истражувачко новинарство за помлади новинари и за најнапредни истражувачки новинари. Предавачи беа истражувачки новинари, обучувачи и експерти од Европа, регионот, но и од Македонија. Меѓу нив, Кристијан Триберт, наградуван истражувачки новинар од Холандија, Кит Стафорд, водечки меѓународен тренер на Ројтерс, Рејчел Рајт, продуцент и новинар на ББЦ, истражувачки новинари и уредници од водечката ТВ редакција за истражувачко новинарство во регионот Инсајдер, како и од една од најдобрите регионални мрежи за истражување на корупцијата, Крик, и двете од Србија. Како резултат, редовниот годишен мониторинг на известувањето на медиумите покажа зголемено присуство на истражувачките и на аналитички новинарски стории во 2017 година во однос на 2016 година, односно скок на учеството на овие текстови во вкупниот број текстови од 5% на 8,8%, со подобрени елементи во самите стории. Сите...

Коха, 18.12.2018, Sistemi Jofunksional Телма, 16.12.2018, Јавните набавки меѓу старото и новото законско решение Коха, 14.12.2018, Vullneti politik dhe transparenca, te pamjaftueshme Миа, 13.12.2018, Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да се спречи тоа Канал 5, 13.12.2018, Ниту една земја не е имуна на коруција, разликата е во поличката волја да се спречи тоа Сител, 13.12.2018, Регионална конференција за состојбите во јавните набавки 1 ТВ, 13.12.2018, Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да се спречи тоа Слободен Печат, 13.12.2018, Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да се спречи тоа Независен Весник, 13.12.2018, Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја Сител, 13.12.2018, Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да се спречи тоа Мак Прес, 13.12.2018, Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, , разликата е во политичката волја да се спречи тоа Вечер, 13.12.2018, Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да се спречи тоа Плус Инфо, 13.12.2018, Корупцијата искушува, треба силна волја да се одбие А1 ОН, 13.12.2018, Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да ссе спречи тоа Либертас, 13.12.2018, Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да се спречи тоа Макфакс, 13.12.2018, Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција,...

Тендер со апсурдни цени од 0,01 денар СКОПЈЕ, 04 декември 2017 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јануари - јуни 2017 година. Клучни наоди од мониторингот на јавни набавки се: Во дури 35% од мониторираните тендери има отфрлање на дел од понудите бидејќи се оценети како неприфатливи. Ова дополнително ја влошува конкуренцијата на тендерите. Во дел од тендерите, за време на електронската ауција се постигнуваат толку ниски цени што се доведува во прашање реалноста на проценетата вредност на тендерите, како и квалитетот на набавките. ’Најниската цена‘ како единствен критериум за избор води кон тендери со апсурдни цени од 0,01 денар и 0,01 процент. Оваа пазарна нелогичност го зголемува ризикот од можни манипулации во реализацијата на тендерот. Во првото полугодие од 2017 година до Советот за јавни набавки беа доставени 7.583 барања од договорните органи, односно само 9% помалку од истиот период претходната година. За дадените мислења, Советот им фактурирал на договорните органи вкупен износ од 806.172 евра. Во првото полугодие од 2017 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,4 милиони евра, што е за 12% повеќе од истиот период лани. Во пораст е поништувањето на тендерите. Во првото полугодие од 2017 година поништени се 2.033 тендери (целосно или нивен дел), што е удел од 23,7% од вкупно објавените огласи во истиот период. Во првото полугодие од 2017 година изречени се 19 негативни референци за 17 фирми. За повеќе информации,...