bitsia

РАСТЕ ОТФРЛАЊЕТО НА ПОНУДИТЕ НА ФИРМИТЕ НА ТЕНДЕРИТЕ; СЕКОЈ ТРЕТ ТЕНДЕР СЕ ПОНИШТУВА Денес, 28 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Од мониторингот на јавните набавки: » Поништувањата на тендерите стигнаа до 33 %, што е највисоко ниво во последните неколку години. Најмногу поради немање понуди или поради неприфатливи понуди. » Во пораст е отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите поради проблеми со документацијата или со понудените предмети на набавка. » Контролирани се само 1 % од тендерите во земјава и во секој петти контролиран тендер се пронајдени неправилности. » Конкуренцијата кај локалните тендери останува значително пониска отколку кај тендерите на институциите на национално ниво. » Во жалбената постапка се намалува уделот на уважени жалби од фирмите, а расте уделот на одбиени жалби. Од овогодишната анкета на фирмите: » Проблем број еден во јавните набавки за 77 % од фирмите е ’најниската цена‘ како критериум за избор на најповолната понуда. » Дека фирмите се договараат на тендерите сметаат 60 % од испитаните фирми. » 47 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки. » 47 % од фирмите не се жалат на тендерите поради недоверба во Државната комисија за жалби по јавни набавки. » Фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани. » Доминантни 60 %...

И ВО КРИЗНАТА 2020 ГОДИНА, ОПШТИНИТЕ ПОТРОШИЛЕ НА ТЕНДЕРИ РЕЧИСИ ИСТО КОЛКУ И ВО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА Денес, 22 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која 80-те општини и Градот Скопје склучиле 3 454 договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 8 милијарди денари, односно 129 милиони евра, скоро исто колку и претходната 2019 година. Пораст на вредноста на набавките има кај Градот Скопје и 20 општини, додека намалување е евидентирано кај 61 општина. Најголем вредносен скок во однос на претходната година има кај Градот Скопје, од 10,3 милиони евра, Општина Гостивар од 5 милиони евра и Аеродром од 2,7 милиони евра. Најголеми падови во вредноста на набавките има кај Општина Липково за 2,8 милиони евра, Тетово за 2,4 милиони евра и Штип и Прилеп по околу два милиони евра.

Денес, 3 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, изработено во март 2021 година, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти:

Предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки и за унапредување на начинот на нивно спроведување

Предлозите се изготвени по длабинското истражување на ризиците од корупција, систематизирани во истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на  претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“, како и по индивидуалните скрининзи на 37-те претпријатија основани од Владата, од Градот Скопје и од општините Гостивар, Кавадарци и Струга, во коешто е даден приказ на клучните параметри што го отсликуваат начинот на којшто овие претпријатија ги спроведуваат јавните набавки, како и нивните кадровски капацитети и внатрешни политики. Слабостите констатирани низ сите претходно спроведени истражувања и анализи ја потврдија потребата од засилување на интегритетот и од намалување на ризиците од корупција во јавните претпријатија и во акционерските друштва. Овие предлози се изготвени во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, во периодот 2019 – 2021 година, чија крајна цел е воспоставување одржливи механизми за подобрување на начинот на спроведувањето на јавните набавки и за засилување на интегритетот во процесот на трошењето на јавните пари преку тендерите во претпријатијата основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга.Дел од предлог-препораките содржани во овој документ Центарот за граѓански комуникации ги достави и до Владата на Република Северна Македонија во текот на февруари 2021 година, во процесот на изготвување на Акцискиот план на Владата за борба против корупцијата. Propozime për uljen e korrupsionit në prokurimet publike dhe avancimi i mënyrës së zbatimit të tyre

База на податоци на сите ревизии на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во периодот 2010 – 2019 година

Во последните десет години (од 2010 до 2019 година) Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил вкупно 699 ревизии. Најмногу во 2014 година, дури 98, а најмалку во 2012 година, 50 ревизии. Базата на податоци на сите извршени ревизии од страна на Државниот завод за ревизија од 2010 до 2019 година е изработена во отворен формат за да ја олесни натамошната употреба на извештаите во насока на засилување на јавниот притисок за законито и наменско користење на јавните пари.

Денес, 13 април 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на доделени концесии за минерални суровини за 2019 година. Концесија за користење минерални суровини имаат добиено вкупно 264 фирми. Издадени се вкупно 358 вакви концесии, а површината на земјата која е опфатена со овие концесии е 349 километри квадратни, што е 1,4 % од вкупната територија на државата.

РАСТЕ ПРИМЕНАТА НА НЕТРАНСПАРЕНТНАТА ПОСТАПКА СО ПРЕГОВАРАЊЕ БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ ОГЛАС Денес, 23 март 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2020 година. Клучните наоди од мониторингот вклучуваат: - Институциите не се консултираат со бизнис-секторот во насока на подобрување на тендерските документации, а со тоа и на самиот процес на јавните набавки. Во мониторираниот период, спроведен е технички дијалог само за 1,4 % од тендерите, а и во овој симболичен процес на консултации се забележуваат пропусти. - Во мониторираниот период, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 11 милиони евра, што е за 15 % повеќе од истиот период претходната година. - На секој трет тендер е доставенa една или ниту една понуда. Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2020 година упатува на минимално подобрување во однос на истиот период во 2019 година, но влошување во однос на целата 2019 година. - ’Најниската цена‘ е користена како критериум за избор на најповолна понуда во 96 % од спроведените тендери, со што е задржан неповолниот тренд од претходната година. Оправдан е сомнежот дека со толку големата примена на критериумот ’најниска цена‘ се доведуваат во прашање начелата на економичност, ефикасност и ефективност на јавните средства. - Електронската аукција е користена во дури 92 % од тендерите, со што се овозможува и натаму да бидат широко распространети манипулациите што таа ги генерира во јавните набавки. - Иако проценетата вредност на тендерите не се објавува јавно, сепак некои понудувачи...

Денес, 8 март 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на пресметан и наплатен данок на имот за сите општини за 2017, 2018 и 2019 година. Сите општини заедно, просечно годишно наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра за данок на имот од граѓаните и од фирмите. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент. Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од граѓаните, 70 %, додека од правните лица, односно од фирмите се прибираат останатите 30 %. И успешноста во наплатата е поголема кај граѓаните и изнесува 85 %, а кај фирмите се наплатува по 78 % од пресметаниот данок. Во анализираните три години, односно 2017, 2018 и 2019 година постои зголемување на износот на наплатен данок на имот. Сепак, за разлика од 2018 година кога порастот во однос на претходната година бил 12,5 %, во следната 2019 порастот бил само 2,5 %. Најголеми приходи од данок на имот има скопската Општина Центар, по околу 2,3 милиони евра годишно, а најмали, односно беа приходи по оваа основа е Општина Арачиново која не ни наплатува ваков данок, бидејќи нема база на податоци на даночни обврзници, ниту има формирано даночно одделение, поради што и не издава даночни решенија. Само десетте градски скопски општини прибираат половина од цел данок на имот што се прибира на ниво на држава. Најуспешни во наплатата на овој данок се Росоман и Ресен, најмалку успешни, Студеничани и Маврово и Ростуше. По региони, највисок процент на наплата на...

Денес, 18 февруари 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за зимско одржување на патиштата за сезоната 2020/21. За ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра. Тендери за оваа намена имале 41 општина и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија и државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонијапат. Само ова претпријатие има склучено договори за јавни набавки за зимско одржување оваа сезона во вредност од 5,7 милиони евра што е две третини од сите пари што ќе се потрошат за оваа намена. Градот Скопје сам зимскава сезона планира да потроши 700 илјади евра за чистење на снегот и прскање на улиците, додека заедно со уште осум други скопски градски општини ќе бидат потрошени околу 1,4 милиони евра за зимско одржување на улиците. Од другите општини од земјава, најголема вредност за ова ќе потрошат Битола, Прилеп и Куманово. Најголем поединечен тендер има склучено Македонијапат со Димакс рудници Сопотница, од речиси седум милиони евра за двогодишно снабдување со сол за патиштата. Набавени се 59.555 тони индустриска сол, по цена од 116 евра по тон, за двегодишно прскање на патиштата. Покрај оваа фирма, која вкупно има 4 тендери во вредност од 7,5 милиони евра, меѓу фирмите со највредни договори се и Ган-Логистик од Тетово со 1,2 милиони евра и скопски Аполо Инженеринг со 1 милион евра.

Денес, 28 јануари 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата. За украсување на Градот Скопје и уште 15 други општини во земјава за Новата 2021 година се потрошени вкупно 405 илјади евра, што е сепак за 40 % помалку од лани. Од украсување за новата 2021 година се откажале девет општини кои имале тендери за претходната година. 14 општини имале тендери за украсување и лани и годинава, а 3 општини и едно државно претпријатие немале лани, но имале тендери за новата 2021 година. За разлика од дочекот на ланската година кога тендери за украсување имале Градот Скопје и седум скопски општини, за дочекот на оваа година тендери имале Градот Скопје и уште три други скопски општини: Карпош, Гази Баба, Аеродром, но и Градскиот трговски центар. Украсувањето на Скопје и скопските општини вкупно чинело 298 илјади евра, што е три четвртини од сите пари потрошени за новогодишно украсување во земјава. И годинава, најголем дел од вредноста на договорите за украсување добиле две скопски фирми - Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел, а на половина од тендерите имало само по една понуда. Новогодишни пакетчиња за 2021 година купиле 56 институции. 14 од нив спровеле тендер, а другите 42 купиле пакетчиња во вредност под илјада евра за што не се спроведува тендер. Цените на едно новогодишно пакетче се движат од 150 до 1.249 денари.

Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори 2015-2019 година Денеска (15.01.2021) Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави анализата Финансиска анализа на работењето на државните претпријатија 2015-2019 година и базата на податоци која овозможува преземање на завршните сметки на претпријатијата. Дел од наодите од анализата се: 30 најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа, за периодот 2019 – 2015 година, остварените вкупни приходи ги зголемиле за само 2 %. Просечната стапка на профитабилност за анализираните 5 години изнесува скромни 6 %, а за 2019 година профитабилноста покажува извесно подобрување (6,5 %). Средствата што ги поседуваат овие претпријатија со ваков профит би ги обновиле за 38 години, а вложениот и заработен капитал би го вратиле за 32 години. Во приватниот сектор времето на поврат на вложениот капитал се позиционира вообичаено на 10 години. Наплатата на побарувањата на анализираните компании претставува слаба алка на работењето и изнесува 253 дена за 5-те години, односно 205 дена за 2019 година. Обврските ги плаќаат во уште подолги рокови, за 484 дена просечно, односно 365 дена за 2019 година. Вообичаено во бизнисот, компаниите што плаќаат со олку долги рокови се избегнуваат или им се даваат значително повисоки цени од пазарните. Вкупните долгови на анализираните претпријатија се малку повисоки од нивниот капитал и резерви, додека степенот на самофинансирање е во зоната на безбедност (88 % во просек за 5 години, односно 91 % за 2019 година). Анализираните претпријатија успеваат да работат позитивно, покривајќи ги вкупните расходи во целост и остварувајќи вишок на приходи од 4 % (за 2019...

Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно Денес, 13 јануари 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на месечните паушали што им се исплаќаат на општинските советници и претседателите на советите на општините. Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1319-те советници и претседатели на совети изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра. Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат 30 % повисок паушал од советниците. Услов за да се исплати паушалот е во месецот да биде одржана барем една седница. Најголем месечен паушал од една просечна плата од 24 илјади денари добиваат советниците на Град Скопје, но тие одржуваат и најмногу седници во текот на месецот. Од другите општини, највисоко платени се советниците во Кичево кои земаат 19 илјади денари месечно, а најмалку платени се советниците во Вевчани кои земаат малку помалку од 5 илјади денари месечно. Само 12 општини исплатуваат понизок месечен надомест од законскиот максимум, а 15 општини одат дури и над тој лимит. Најмногу седници годишно одржува Град Скопје, лани дури 27, а најмалку 6 одржале во Центар Жупа. Просечно, општинските совети одржувале по 15 седници годишно.

СИТЕЛ | 27.12.2021 | ЦГК: Државните пари се трошеле без тендери и преку сомнителни електронски аукции ТЕЛМА | 27.12.2021 | Секој 4- ти тендер без конкуренција – ЕСМ набавувала за 4 милиони евра без оглас ТЕЛМА | 27.12.2021 | Јавните набавки во земјава покажува низа слабости КАНАЛ 5 | 27.12.2021 | ЦГК: Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости АЛФА | 27.12.2021 | Последен извештај на ЦГК: Слабости и корупција во македонските јавни набавки МТМ | 27.12.2021 | ЦГК: Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите МИА | 27.12.2021 | ЦГК: Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости МАКФАКС | 27.12.2021 | ЦГК: Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите МЕТА | 27.12.2021 | ЦГК: Јавните набавки со низа слабости, е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција СЛОБОДЕН ПЕЧАТ | 27.12.2021 | ЦГК: Јавните набавки со низа слабости, е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција НЕЗАВИСЕН ВЕСНИК | 27.12.2021 | Нетранспарентно доделени тендери од 8 милиони евра НОВА МАКЕДОНИЈА | 27.12.2021 | ЦГК: Секој четврти тендер за јавните набавки е со една или без понуда КАПИТАЛ | 27.12.2021 | ЦГК: Јавните набавки со низа слабости, е-аукцијата се користи за манипулации и корупција ФОКУС | 27.12.2021 | За пола година потрошени се 8 милиони евра во “четири очи” 360 СТЕПЕНИ | 27.12.2021 | ЦГК: Честата употреба на е-аукцијата е механизам за корупција и манипулација АКАДЕМИК | 27.12.2021 |...

Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост 2020

Стандардите врз основа на кои е направена оценката на транспарентноста и отчетноста на претпријатијата во државна сопственост се утврдени преку анализа на релевантната законска регулатива и на меѓународните стандарди. Оттука, доминантен дел од избраните стандарди се законски обврзувачки за претпријатијата, а помал дел се стандарди што се сметаат за добра практика. Предмет на оценка и рангирање се 30 најголеми претпријатија во државна сопственост чии приходи во 2019 година изнесуваа 732 милиони евра. На крајот од 2019 година во овие анализираните претпријатија работеле вкупно 22.140 работници.

Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?

Центарот за граѓански комуникации започна да спроведува ад хок мониторинг на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот уште од почетокот на кризата во март 2020 година, објавувајќи редовни извештаи со наоди и препораки. По трите извештаи од ад-хок мониторингот на јавните набавки поврзани со КОВИД-19 и сумарниот извештај од мониторингот, во ноември 2020 година е изработен овој документ за јавни политики насловен како: насловен како: „Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?“ кој ги опфаќа набавките поврзани со КОВИД-19, владините политики во врска со овие набавки, како и препораки за мерки што треба да се преземат во иднина како резултат на случувањата во кризната 2020 година.