Мерки за стеснување на просторот за корупција во јавните набавки
1. Второстепената комисија која одлучува по жалбите за јавните набавки да стане самостојна и независна институција од Владата;2. Членовите на второстепената комисија да ги именува Собранието на РМ;3. Сите членови на Второстепената комисија да имаат мандат од 5 години или пак дел од членовите да имаат мандат од 5 години, а дел од 3 години;4. Второстепената комисија да одлучува во присуство на претставници од бизнис заедницата и невладиниот сектор;5. Воведување обврска за второстепената комисија детално да ги образложува своите одлуки;6. Бирото за јавни набавки наместо орган во состав на Министерството за финансии да се трансформира во самостојно правно лице (агенција) под ингеренции на Владата на РМ;7. Директорот на Бирото за јавни набавки да го именува Собранието на РМ од редот на кандидати кои ќе се пријавуваат на јавен оглас, а во присуство на претставници од невладиниот сектор, бизнис заедницата и медиумите;8. Мандатот на директорот на Бирото за јавни набавки да изнесува 5 години;9. Да се воведат анти-корупциски правила и одредби во Законот за јавни набавки;10. Да се сведат на минимум и да се допрецизираат условите под кои може да се спроведе набавка со преговарање без претходно објавување на јавен оглас;11. Да се воведе обврска за задолжителна евалуација на јавните набавки спроведени по пат на преговарање;12. Да се воведе задолжителен, независен мониторинг врз јавните набавки од голема вредност, набавките во кои исти понудувачи последователно се избираат за најповолни, кога се нуди нереално ниска цена во однос на пазарната или проценетата и кога постои сомневање за меѓусебно спогодување на понудувачите;13. Да се воспостави систем за заштита на...