bitsia

НА ЗЕМЈАВА Ѝ НЕДОСТИГААТ 52 ТИМОВИ ЗА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ, ЗА ДА СЕ ЗАДОВОЛИ ЗАКОНСКИОТ МИНИМУМ Денес, 25 декември 2023 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за капацитетите на итната медицинска помош во земјава. Истражувањето покажа дека: » Во земјава вкупно недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители што ги опфаќа.

Истражување за исплатите од буџетската ставка 463 Трансфери до невладини организации во 2022 година: Трошки за здруженија на граѓани во општинските буџети. Истражувањето открива дека општините, преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90 % од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и кои, во одредени општини, добивале и по еден милион евра годишно. Преземете го истражувањето овде: ТРОШКИ ЗА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ ВО ОПШТИНСКИТЕ БУЏЕТИ SHPENZIME PËR SHOQATAT QYTETARE NË BUXHETET E KOMUNAVE TRIFLES LEFT FOR THE CITIZENS’ ASSOCIATIONS IN THE MUNICIPAL BUDGETS

Денес, 20 декември 2023 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето - Трошки за здруженија на граѓани во општинските буџети. Истражувањето открива дека општините, преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90 % од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и кои, во одредени општини, добивале и по еден милион евра годишно. Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:

Истражување за исплатите од буџетската ставка 463: Трансферите до невладини организации во 2022 година

ТРОШКИ ЗА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ ВО ОПШТИНСКИТЕ БУЏЕТИ Целта на ова истражување е да ги мапира карактеристиките на процесот на финансирање на невладините организации од буџетската линија 463, да се утврди нивото на транспарентност и отчетност на општините, да се согледаат проблемите и слабостите во процесот, како и да се дефинираат препораки за подобрување на веќе востановените практики. Водени од идејата дека застапувањето за потранспарентна и поефикасна поддршка на невладините организации од страна на општините ќе биде поефикасно доколку се базира врз детален приказ на актуелната состојба, ја втемеливме оваа анализа врз обработка на податоците за сите средства доделени од страна на единиците на локалната самоуправа за финансирање на невладини организации и за начинот на којшто е спроведен процесот во 8 општини, во секоја општина поединечно (Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Штип и Чаир), чии средства доделени од буџетската ставка 463 изнесуваат третина од вкупно доделените средства од страна на сите ЕЛС во земјата. Ова истражување на Центарот за граѓански комуникации е реализирано во рамките на проектот „Заштита од корупција“,финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Истражувања за влијанието на кризите во 2022 година врз граѓаните и политиките

Целта на овие истражувања беше да се детектираат областите што се најмногу погодени од енергетската и финансиската криза во 2022 година, односно сегментите каде што се направени најголемите кратења на буџетите (трошоците) за да можат да се покријат зголемените трошоци (плаќања) како резултат на кризите. Поконкретно, да се детектира како буџетските трошења на државата и на општините за 2022 год., кои се менуваа под влијание на економската криза (инфлација, стагнација и енергетска криза), се одразуваат врз граѓаните, преку мапирање на сегментите каде што има најголеми слабости и предлагање мерки што треба да овозможат трошењата да бидат во најдобар интерес на граѓаните. Истражувањата можат да се преземат со притискање на сликите или на следните линкови на македонски, албански и англиски јазик: Истражување на последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните (МК) (ALB) (EN) Истражување на последиците од зголемените буџетски трошоци на општините од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните (МК) (ALB) (EN) Проектот „Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и врз граѓаните“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗГОЛЕМЕНИТЕ БУЏЕТСКИ ТРОШОЦИ ОД КРИЗАТА ВО 2022 ГОДИНА ВРЗ ОБЛАСТИ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година иницијално е усвоен со проектирани расходи на ниво од 284 милијарди денари (4,6 милијарди евра). Со измените и дополнувањата на буџетот извршени во јули 2022 година, расходите се зголемени за 5,73 %, односно за 16 милијарди денари (265 милиони евра). По ребалансот од месец јули, во ноември и декември 2022 година донесени се и две одлуки за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Буџетот е реализиран на ниво од 96,28 %, односно во износ од 291 милијарди денари (4,7 милијарди евра).

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗГОЛЕМЕНИТЕ БУЏЕТСКИ ТРОШОЦИ НА ОПШТИНИТЕ ОД КРИЗАТА ВО 2022 ГОДИНА ВРЗ ОБЛАСТИТЕ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ Бројни патишта и улици, булевари, тротоари, плоштади, комунална инфраструктура, градинки и училишта, гасификации на општините – останале нереализирани во 2022 година бидејќи локалните власти, со ребалансите на буџетите, ги скратиле овие проекти од своите планови за капитални инвестиции, за сметка на поголемите трошоци за енергија во екот на енергетската и економската криза. Не се реализирале целосно ниту проектите што успеале да ги „преживеат“ ребалансите, бидејќи сепак останале само на хартија во ревидираните буџети. За време на оваа голема енергетска криза кога цените на енергијата, но и на сите останати производи, се вивнаа до плафон, достигнувајќи годишна стапка на инфлација речиси до 20 % во октомври лани, општините со ребалансите всушност ги зголемиле своите планови за трошење, но за тековни потреби. Почетните буџети на општините во 2022 година изнесувале 45.050.433.609 денари (732.527.375 евра). Со ребалансите на буџетите, оваа сума е дури зголемена за 5,24 %, односно за 2.361.703.989 денари (38.401.691 евра). Со тоа, вкупниот буџет на сите ЕЛС достигнал 47.412.137.598 денари (770.929.066 евра), но, на крајот од годината, реализирани се 83,73 % од оваа сума, односно 39.697.534.979 денари (645.488.374 евра).

ЗА ДА ГИ ПОКРИЈАТ ТРОШОЦИТЕ НА КРИЗАТА ВО 2022 ГОДИНА, ВЛАДАТА И ОПШТИНИТЕ СКРАТИЛЕ ОД ГРАЃАНИТЕ НАМЕСТО ПОРАЦИОНАЛНО ДА ГИ ТРОШАТ БУЏЕТСКИТЕ ПАРИ – ОТКАЖАНИ СЕ ВИТАЛНИ ПРОЕКТИ ВРЕДНИ 220 МИЛИОНИ ЕВРА Денес, 31 октомври 2023 година, Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ги објавија Истражувањата за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните, и на национално и на општинско ниво. Клучните наоди од истражувањата вклучуваат:

Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и врз граѓаните

  На 27 септември и на 6 октомври во Скопје се одржаа јавни дебати на кои пред повеќе од 70 претставници на сите вклучени страни беа презентирани наодите и беа  дискутирани препораките од двете обемни истражувања за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните. Истражувањата покажуваат дека покривањето на дополнителните расходи од централниот и од општинските буџети кои ги наметна енергетската криза довеле до кратење на најмалку 220 милиони евра инвестиции како: реновирање на здравствени установи, изградба на градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, опрема за образованието и проекти за унапредување на животната средина. Поконкретно, за реконструкција и доградба на здравствени објекти во 2022 биле планиран 14 милиони евра, а се реализирале само 3,5 милиони евра, потоа во секторот на социјалната заштита биле планирани проекти за  изградба и реновирање на детски градинки и домови за стари лица во вредност од 5,5 милиони евра, но тие останале без реализација, а инвестициите во образованието во насока на изградба и реновирање на училишта од планираните 20 се скратени на 10 милиони евра. Воедно, за да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28 % од капиталните расходи односно 130 милиони евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“. Станува збор за дел од исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија. На локално ниво, сите...

Дебата: Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните

ИНВЕСТИЦИИ ОД 170 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КОИ ЗАВИСИ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ СКРАТЕНИ ВО 2022 ГОДИНА ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ РАСХОДИ ВО БУЏЕТОТ НАМЕТНАТИ ОД ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА Скопје, 6 октомври 2023 година. На денешната јавна дебата за „ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните“ беше објавено „Истражувањето на последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.“ Истражувањето покажува дека покривањето на дополнителните расходи кои ги наметна енергетската криза довеле до големо кратење на инвестиции од кои зависи квалитетот на живот на граѓаните. Само во 2022 година од централната власт не биле реализирани проекти во вредност од 170 милиони евра како што се: реновирање на здравствени установи, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, опрема за образовни институции, како и проекти за унапредување на животната средина. Покрај ова, и општините не реализирале капитални проекти во вредност од 50 милиони евра, така што во 2022 година во државата не биле реализирани проекти, кои се од важност на граѓаните, во вкупна вредност од најмалку 220 милиони евра. Поконкретно, за реконструкција и доградба на здравствени објекти во 2022 биле планиран 14 милиони евра, а се реализирале само 3,5 милиони евра, потоа во секторот на социјалната заштита биле планирани проекти за  изградба и реновирање на детски градинки и домови за стари лица во вредност од 5,5 милиони евра, но тие останале без реализација, а инвестициите во образованието во насока на изградба и реновирање на училишта од планираните...

Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањето открива дека спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување. Преземете го истражувањето на македонски, албански и англиски јазик со кликнување на соодветната слика:

Мапирање на состојбата со објектите за спорт во општините

Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањето открива дека спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување.

ОПШТИНИТЕ И УЧИЛИШТАТА ГИ ДОДЕЛУВААТ НА КОРИСТЕЊЕ ОБЈЕКТИТЕ ЗА СПОРТ ВО НЕТРАНСПАРЕНТНИ ПОСТАПКИ Преземете го истражувањето на македонски, албански и англиски јазик со кликнување на соодветната слика: Денес, 13 септември 2023 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето - Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањето открива дека спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување. Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:

База на податоци на сите тендери на општините и Градот Скопје за 2022 година Денес, 22 август 2023 година, Центарот за граѓански комуникации ја објави Базата на податоци на тендерите на општините во 2022 година според која 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година вкупно склучиле 3.508 договори за јавни набавки во вредност од 7,3  милијарди денари, односно 118 милиони евра. Вредноста на јавните набавки на 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година е намалена за една третина, односно за 65 милиони евра во однос на 2021 година.

За борбата со комарците, општините годинава платиле 770 илјади евра. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Ова значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците. (линк до базата на податоци на сите договори за јавна набавка за комарци). 35 општини со бореле со комарците од земја, односно имале тендери за т.н. терестичко прскање. Други 6 општини, пак, се справувале со комарците од воздух, односно имале тендери за т.н. авионско третирање. 7 општини имале и земјено и воздушно прскање. Вообичаено, најголем договор за уништување на комарците има Град Скопје, кој лани, за двегодишен третман против комарците од воздух и од земја платил половина милион евра. Од другите општини, повеќе пари за уништување на комарците платиле оние кои најмиле услуга за авионско прскање и тоа Велес, Кавадарци, Кочани, Куманово и Штип.

Целта на проектот е да се зголемат ангажманот и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што ќе доведе до подобрување на владината реакција и ефективност во справувањето со корупцијата во сите сектори на национално и локално ниво.

Редовно годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Преземете ги рангирањето и анализата овде.

Редовно годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Преземете ги рангирањето и анализата овде.

АКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА МИНИСТЕРСТВАТА СТАГНИРА, А  ОПШТИНИТЕ СО МИНИМАЛНО ПОДОБРУВАЊЕ Денес, 10 јули 2023 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: » Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена само за 3 процентни поени (од 73 % на 76 %).

Истражувања и бази на податоци на амбулантни и противпожарни возила и на пожарникари

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години, а само 30 од новонабавените вакви возила се нови, додека другите се купени „на старо“. Ова се резултатите од нашите најнови истражувања и бази на податоци на сите амбулантни возила и возила за противпожарна заштита, како и за бројот на пожарникари во сите 34 единици во земјава, објавени денеска. База на податоци за пожарникари и противпожарни возила База на податоци за амбулантни и санитетски возила

Денес, 29 мај 2023 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до декември 2022 година, во кои се вклучени и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки и анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки. Клучните наоди од истражувањето вклучуваат: - Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра).

Целта на овој документ за јавни политики е на едно место да ги сумира клучните ризици од корупција и препораките за нивно надминување, а кои беа утврдени преку мониторинг на јавните набавки на општините и на локалните јавни претпријатија спроведен врз основа на унифицирана методологија од страна на 8 невладини организации во Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Одделните извештаи со клучните ризици од корупција за секоја општина и за локалните јавни претпријатија се веќе објавени и достапни, меѓу другото, и на веб-страницата Центарот за граѓански комуникации https://www.ccc.org.mk/.

Скопје, 2 февруари 2023 година | Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

Општа цел на акцијата е поефикасно и порационално користење на буџетските средства од страна на Владата и општините со цел тие да одговараат на реалните потреби на граѓаните. Специфичната цел е намалување на негативните ефекти врз животот на граѓаните настанати како резултат на влијанието на финансиската и енергетската криза врз буџетските трошења на државата и на општините.

Извештај од истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција

360 СТЕПЕНИ | 28.12.2023 | Сторија за Итната медицинска помош во Скопје, Тетово и Битола ММС | 27.12.2023 | На Итната медицинска помош, итно ѝ требаат нови кадри: Бројот на тимови опаѓа, потребни се 52 нови СИТЕЛ | 25.12.2023 | На Брзата помош и треба итна помош КАНАЛ 5 | 25.12.2023 | На земјава ѝ недостигаат 52 тимови за Итна помош за да се исполни законскиот минимум КАНАЛ 5 | 25.12.2023 | Во земјава недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош МРТ | 25.12.2023 | Во земјава недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош СИТЕЛ | 25.12.2023 | Во Македонија недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош 24 ВЕСТИ | 25.12.2023 | Недостигаат 52 екипи за итна помош за да се задоволи барем законскиот минимум АЛФА | 25.12.2023 | На земјава и недостогаат 52 тимови за итна медицинска помош, за да се задоволи законскиот минимум МТМ | 25.12.2023 | На земјава и недостигаат 52 тима за итна медицинска помош за да се задоволи законскиот минимум, истражување на Центарот за граѓански комуникации МИА | 25.12.2023 | Во земјава недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош за да се задоволи законски пропишаниот минимум РАДИО МОФ | 25.12.2023 | Македонија има помалку тимови за итна медицинска помош од законскиот минимум - во Тетово и Струмица еден тим „покрива“ 40.000 граѓани СЛОБОДЕН ПЕЧАТ | 25.12.2023 | Во Скопје, Тетово, Куманово и Струмица има најголем недостиг од кадар за итна медицинска помош SLOBODEN PECAT | 25.12.2023 | Në Shkup, Tetovë, Kumanovë dhe Strumicë ka mungesën më të madhe të personelit...