Истражување за бројот на ученици во основното и во средното образование
Само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10 % Скопје, 2 септември, 2024 година | Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави истражувањето и базата на податоци за движењето на бројот на ученици во земјава во последните десет учебни години. Податоците покажуваат дека: Само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10 %. Бројот на средношколци е намален за 20 %, односно за повеќе од 17 илјади ученици. Во основното образование има 10 илјади помалку ученици. Во основните училишта, најголемо намалување на бројот на ученици од дури 57 % има во Ново Село, а кај средните во Пехчево каде само за десет години има 83 % помалку ученици. Бројот на наставници, пак, во основно образование расте, а во средно има мало намалување. Во базата на податоци се наоѓаат податоците за секоја општина, по години и по одделенија. Целото истражување можете да го симнете на овој линк. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.