Дебата за зелени јавни набавки: Состојба, поттикнување на примената и намалување на ризиците од корупција

(Скопје, 12.12.2022 год.) На денешната дебата за „зелените“ јавни набавки во земјава, Центарот за граѓански комуникации ги претстави иницијалните наоди од мониторингот на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина и од истражувањето на (не)примената на „зелените“ јавни набавки во земјата и влијанието на корупциските ризици во процесот. Галерија на слики од настанот.
декември 12, 20221787

 

Целта е да се придонесе кон оценка на состојбата со набавките за заштита на животната средина, можното влијание на корупцијата врз малата примена на „зелените јавни набавки“, како и идните мерки што треба да се преземат за унапредување на состојбата со одржливите набавки во земјава, воопшто. Покрај претставниците на ЦГК, Сабина Факиќ и Герман Филков и на ФООМ, Данче Даниловска-Бајдевска, на дебатата се обратија министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска и директорот на Бирото за јавни набавки, Борче Христов. Меѓу учесниците беа 40-ина претставници за јавни набавки на државни институции, на Државниот завод за ревизија и еколошки невладини организации. Дебатата се спроведе во рамките на проектот „Прилагодување кон климатските промени преку спречување на корупцијата во јавните набавки“ што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија. Галерија на слики од настанот.