Прилагодување кон климатските промени преку спречување на корупцијата во јавните набавки (2022)

Проектот има за цел да го поддржи процесот на воведување праведни политики за животна средина и одржлива зелена транзиција преку намалување на корупциските влијанија врз зелените јавни набавки. За таа цел,
август 11, 20221298

преку мониторинг и истражување ќе се идентификуваат ризиците од корупција во јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина и можните корупциски влијанија врз малата примена на т.н. зелени набавки; ќе се интензивираат соработката меѓу граѓанските организации и нивното учество во процесите на партиципативно креирање на јавни политики кои влијаат врз спречување на корупцијата при прилагодувањето кон климатските промени, и ќе се спроведе застапување засновано врз факти за поттикнување на поголема примена на т.н. зелени јавни набавки и спречување на корупцијата во тој процес. Проектот се спроведува во партнерство со 14 невладини организации од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, а е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.