До крајот на проектот се очекува:
– да се идентификуваат генераторите на корупцијата во сите фази од јавните набавки на претпријатијата;
– да се постават стандарди/таргети за подобрување на отчетноста и интегритетот во јавните набавки;
– да се воспостави одржлив механизам за подобрување на начинот за спроведување на јавните набавки од страна на таргетираните претпријатија.
Проектот се спроведува кај 35 јавни претпријатија и акционерски друштва основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга.
Проектот ги опфаќа следните активности:
- Мапирање на ризиците од корупција во сите фази во постапките за јавни набавки, преку мониторирање на избран примерок на тендери, изработка на индекс на рационалност и пресметка на релевантни индикатори за оценка на отчетноста и интегритетот во спроведувањето на јавните набавки.
- Индивидуален скрининг на претпријатија за идентификување на ризиците од корупција и за проценка на капацитетот за спроведување на јавните набавки (кадровски потенцијал и внатрешни правила).
- Градење на капацитети на таргетираните претпријатија за подобро спроведување на јавните набавки (работилници и обуки) што треба да резултира и со развој на индивидуални планови за интегритет во јавните набавки.
- Застапување за законско, економично, ефикасно и ефективно спроведување на јавните набавки и намалување на корупцијата преку објавување на наодите од длабинското мапирање на ризиците од корупција во сите фази на јавните набавки и презентација пред сите засегнати страни и пред пошироката јавност.
Вкупната вредност на проектот изнесува 6.000.000 денари.