Проектот ги опфаќа следните активности:
- Мониторинг на јавните набавки во земјата и унапредување на регулативата за јавни набавки и нејзината примена во насока на намалување на корупцијата;
- Мерење на нивото на активна транспарентност на институциите и нивно рангирање;
- Истражување на важни прашања од областа на јавното трошење, нивно објавување и помош на новинари и граѓански организации за истражувања на јавното трошење и
- Застапување за поголема транспарентност, отчетност и интегритет во јавното трошење.
Очекувани резултати:
1) Подобрување на законската рамка за јавни набавки и нејзина примена во насока на намалување на корупцијата и зголемување на ефективноста во јавното трошење;
2) Унапредена примена на регулативата за транспарентност и отчетност на јавните институции на национално и на локално ниво и
3) Овозможување новинарите, граѓанските организации и граѓаните да ја исполнуваат својата надзорна улога врз јавното трошење и зголемување на притисокот врз јавните институции за поголема транспарентност и намалување на корупцијата.
Вкупната вредност на проектот изнесува 119.961,85 УСД долари.