ПОВИК за доделување грантови на граѓански организации

  Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија објавуваат јавен повик за доделување грантови за граѓански организации. Целта е да се даде придонес кон намалување на корупцијата во бизнис-секторот во земјава, преку заедничко делување на сите релевантни чинители од јавниот сектор, приватниот сектор и од граѓанското општество. Предвидено е да се доделат шест (6) грантови во износ од 6.000 до 8.000 евра (во денарска противвредност од 368.000 до 490.000 денари) во времетраење  од 12 месеци. Целосните апликации со придружните документи треба да се испратат единствено во електронска форма на center@ccc.org.mk (со назнака во Subject: Повик за доделување грантови - Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот) најдоцна до 15 октомври 2019 година. Проектната документација и деталните упатства за аплицирање можат да се преземат на следните линкови: Отворен повик за доделување грантови Прилог 1: Образец за пријавување Прилог 2: Образец за буџет
септември 17, 20199964

 

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија објавуваат јавен повик за доделување грантови за граѓански организации.

Целта е да се даде придонес кон намалување на корупцијата во бизнис-секторот во земјава, преку заедничко делување на сите релевантни чинители од јавниот сектор, приватниот сектор и од граѓанското општество.

Предвидено е да се доделат шест (6) грантови во износ од 6.000 до 8.000 евра (во денарска противвредност од 368.000 до 490.000 денари) во времетраење  од 12 месеци.

Целосните апликации со придружните документи треба да се испратат единствено во електронска форма на center@ccc.org.mk (со назнака во Subject: Повик за доделување грантови – Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот) најдоцна до 15 октомври 2019 година.

Проектната документација и деталните упатства за аплицирање можат да се преземат на следните линкови:

Отворен повик за доделување грантови

Прилог 1: Образец за пријавување

Прилог 2: Образец за буџет