Зa новогодишно украсување потрошени 615 илјади евра

Денеска, 5 февруари 2019 година, Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци за сите тендери на локалните власти за новогодишно украсување за дочекот на 2019 година. Базата на податоци открива дека за дочекот на Новата 2019 година се украсија повеќе општини и се потрошија повеќе пари од лани. Локалните власти склучија договори за новогодишно украсување во вкупна вредност од околу 615 илјади евра. Најголем дел од парите завршија кај скопската фирма Линк Медиа Плус која за два договори (со Градот Скопје и со Општина Струмица) ќе добие над 300 илјади евра, а најголем број на договори и тоа дури 11 во вкупна вредност од 185 илјада евра добила фирмата Метал-Вет-Ел од Скопје. Базата на податоци дава преглед на трошоците за новогодишно украсување во период од 4 години и овозможува споредба дали одредена општина го зголемила или намалила овој трошок. Податоците од оваа база се ставаат на располагање во отворен формат за служат како основа за натамошно користење и истражување. Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот што го спроведува ЦГК е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.
февруари 5, 20197827

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

 

Центарот за граѓански комуникации е антикорупциска невладина организација која повеќе од една декада спроведува мониторинг на јавните трошења. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.ccc.org.mk и www.opendata.mk .

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 640 милиони долари во Македонија од 1993 година досега. УСАИД е најзначајната меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до резултати во развојот. Работата на УСАИД носи напредок во националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја покажува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој.

За повеќе информации посетете ги нашите веб и Facebook страници: http://macedonia.usaid.gov и http://www.facebook.com/USAIDMacedonia.