Се очекува, проектот да резултира со следниве резултати:
- Идентификувани генератори на корупцијата, ранливите области и активностите подложни на корупција во државните претпријатија;
 - Креирана алатка за оценка на ризиците од корупција во државните претпријатија;
 - Препораки за законски измени и репери за добри практики за зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на јавните претпријатија;
 - Зајакнати капацитети на 150 претставници на приватни бизниси за спречување и борба против корупцијата;
 - Воспоставен механизам за поддршка, како и алатки за усогласеност и спречување на корупцијата во приватниот бизнис-сектор;
 - Воспоставено јадро од граѓански организации за застапување кои користат истражување и мониторинг за да ги зајакнат своите активности за намалување на корупцијата во бизнис-секторот и
 - Воспоставена платформа за јавно-приватен дијалог во борбата против корупцијата.
 
Проектот го спроведуваат во партнерство Центарот за граѓански комуникации, Конект и Здружението на даночни советници, а е финансиран од Европската унија, во рамките на програмата  на ЕУ за поддршкана организациите од граѓанското општество во рамките на Civil Society Facility Action 2016-2017, со број на договор IPA/2017/392-515. Вкупната вредност на проектот е 374.891 евро.
