Јавните набавки во регионот: законите различни, проблемите исти

СКОПЈЕ, 27 ноември 2014 година – Денеска во Скопје се одржа конференција за актуелните состојби во сферата на јавните набавки во Македонија и во земјите од регионот. Повод за дискусија беа резултатите од споредбената анализа на спроведувањето на јавните набавки во четири земји од регионот – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, чии вкупни набавки на годишно ниво изнесуваат околу 5 милијарди евра. Преку следење на конкретни, истородни, постапки за јавни набавки, анализата укажува на добрите и лошите страни во системите на јавни набавки на четирите вклучени држави во сите фази на тендерите – од планирањето до нивната реализација. „Меѓу слабите точки детектирани со анализата се: неадекватното планирање на набавките, малата конкуренција, дискриминаторските услови за учество на тендерите, отсуството на следење на реализацијата на договорите за јавни набавки, како и ниското ниво на свесност кај државните институции за поголема отчетност за трошењето на јавните пари“, истакна Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации – Скопје, организација која го спроведе истражувањето за Македонија. Според директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска „споредено со земјите од регионот, Македонија отскокнува од аспект на високото ниво на поставеност и функционирање на системот за јавни набавки. Во наредениот период треба да се вложи особено внимание во реализацијата на договорите за јавни набавки, а поактивни треба да бидат и самите понудувачи во заштитата на своите права“. Универзитетскиот професор Никола Тупанчески истакна дека „казните во Законот за јавни набавки се премногу остри и неусогласени со Кривичниот законик“. Посебен акцент на конференцијата беше ставен на новите правила на ЕУ...
ноември 27, 20146824

СКОПЈЕ, 27 ноември 2014 година – Денеска во Скопје се одржа конференција за актуелните состојби во сферата на јавните набавки во Македонија и во земјите од регионот. Повод за дискусија беа резултатите од споредбената анализа на спроведувањето на јавните набавки во четири земји од регионот – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, чии вкупни набавки на годишно ниво изнесуваат околу 5 милијарди евра.

Преку следење на конкретни, истородни, постапки за јавни набавки, анализата укажува на добрите и лошите страни во системите на јавни набавки на четирите вклучени држави во сите фази на тендерите – од планирањето до нивната реализација.

„Меѓу слабите точки детектирани со анализата се: неадекватното планирање на набавките, малата конкуренција, дискриминаторските услови за учество на тендерите, отсуството на следење на реализацијата на договорите за јавни набавки, како и ниското ниво на свесност кај државните институции за поголема отчетност за трошењето на јавните пари“, истакна Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации – Скопје, организација која го спроведе истражувањето за Македонија.

Според директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска „споредено со земјите од регионот, Македонија отскокнува од аспект на високото ниво на поставеност и функционирање на системот за јавни набавки. Во наредениот период треба да се вложи особено внимание во реализацијата на договорите за јавни набавки, а поактивни треба да бидат и самите понудувачи во заштитата на своите права“.

Универзитетскиот професор Никола Тупанчески истакна дека „казните во Законот за јавни набавки се премногу остри и неусогласени со Кривичниот законик“.

Посебен акцент на конференцијата беше ставен на новите правила на ЕУ за јавните набавки и отстапувањето на новите измени во законите за јавни набавки во дел од земјите од Западен Балкан од новите европски директиви. Посочени се значајни разлики во оваа смисла кои треба да се имаат предвид во подобрувањето на законските регулативи.

Конференцијата е дел од регионалниот проект „Кон ефикасни механизми во јавните набавки во државите (потенцијални) кандидати за членство во ЕУ“ што го спроведуваат шест невладини организации од Македонија, Србија, БИХ, Црна Гора и Словачка. Проектот е финансиран од ЕУ, во рамките на ИПА програмата за „Поддршка на граѓанското општество“.