Прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер

Прирачникот е наменет за новинари од кој било медиум - весник, радио и телевизија - како и за блогери и за други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информаците кои ги поседуваат јавните институции. Центарот за граѓански комуникации ги издаде преводите на познатиот прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер Legal Leaks Toolkit на македонски и на албански јазик. Со ова и Македонија се приклучува кон многуте европски земји кои го имаат преведено овој најзначаен водич за новинари за поголемо користење на пристапот до информации како моќна алатка за нивното известување. Освен за остварување на правото за пристап во Македонија, прирачникот нуди и совети како да се оствари ова право во сите 56 земји членки на ОБСЕ. Прирачникот содржи и совети за заштита и безбедност на податоците на новинарите и посебно поглавие за статистичкото новинарство. Овде можете да ги преземете прирачниците на македонски и на албански јазик или, пак, јавете се на (02) 3213-513 да ви го испратиме во печатен формат.
ноември 16, 20126783

Прирачникот е наменет за новинари од кој било медиум – весник, радио и телевизија – како и за блогери и за други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информаците кои ги поседуваат јавните институции.

Центарот за граѓански комуникации ги издаде преводите на познатиот прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер Legal Leaks Toolkit на македонски и на албански јазик. Со ова и Македонија се приклучува кон многуте европски земји кои го имаат преведено овој најзначаен водич за новинари за поголемо користење на пристапот до информации како моќна алатка за нивното известување.

Освен за остварување на правото за пристап во Македонија, прирачникот нуди и совети како да се оствари ова право во сите 56 земји членки на ОБСЕ. Прирачникот содржи и совети за заштита и безбедност на податоците на новинарите и посебно поглавие за статистичкото новинарство.

Овде можете да ги преземете прирачниците на македонски и на албански јазик или, пак, јавете се на (02) 3213-513 да ви го испратиме во печатен формат.