Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија за април-јуни 2013

СКОПЈЕ, 4 ноември 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од април до јуни 2013 година како и Индексот на рационалност бр.9. Некои од клучните наоди од мониторингот на постапките за јавни набавки се: Наспроти порастот на бројот на тендерите, опаѓа бројот на жалби по тендерите. Додека бројот на тендери пораснал од 4.175 во првото полугодие од 2012 година на дури 9.046 тендери во истиот период од 2013 година, бројот на жалби за истиот тој период се намалил од 338 на 291. Дел од институциите не ја почитуваат законската обврска да ги вклучат фирмите во подготовка на техничките спецификации за јавните набавки над 130.000 евра преку водење т.н. технички дијалог. Државните институции сè почесто бараат од фирмите да мораат да имаат остварено добивка во последните три години – за да учествуваат на тендерите. Малата конкуренција на тендерите го оневозможува одржувањето на е-аукциите и го зголемува бројот на тендери во кои договорот се склучува со единствената фирма понудувач. Преку нетранспарентната постапка на преговарање без објавување оглас, во првото полугодие од 2013 год. се склучени договори во вкупна вредност од 22,6 мил. евра. Индексот на рационалност бр.9 е изработен за тековното одржување на лифтови, обрасци за сметки, филмови за рентген снимки, кравјо сирење и ГПС уреди за возила. Најголема разлика е евидентирана во набавката на обрасците за сметки, а за првпат е евидентирано отсуство на разлики во цената со тоа што филмовите за рентген снимки од различни здравствени институции се...
ноември 4, 20137048

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

 

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е 2,5 годишен проект финансиран од УСАИД и спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на трудот. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук-страната www.facebook.com/USAIDMacedonia.