Прв квартален извештај за јавните набавки во 2010 година

Центарот за граѓански комуникации ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава и од анкетата на фирмите за нивното искуство во постапките за јавни набавки. Презентирајќи го  Кварталниот извештај за резултатите од мониторингот на јавните набавки во Република Македонија(.prf) за периодот од јануари до март 2010 година, г-ѓа Вања Михајлова и д-р Никола Тупанчески истакнаа дека сè уште постои широк простор за унапредување на процесот на јавни набавки во земјава, особено од аспект на подоследно почитување на законската регулатива од страна на државните институции, а ја истакнаа и потребата од допрецизирање на законските одредби за да се стесни просторот за можни злоупотреби во практиката. Од мониторингот на јавните набавки на централно и на локално ниво можеа да се констатираат следниве клучни наоди: Се зголемува користењето на критериуми за бодување на понудите со кои не се гарантира избор на најповолна понуда; Се избираат несоодветни критериуми за утврдување на способноста на компаниите за учество во постапките за јавни набавки; Висок процент на поништени постапки за јавни набавки (20% од мониторираните постапки); Е-аукција се користи само во 5,5% од постапките за јавни набавки, што е неколкукратно помалку од законскиот праг од 30%; Нагло се зголемува бројот на рамковни спогодби кои се склучуваат без прецизирање на начините на кои ќе им се доделуваат договорите на фирмите; Не се почитува законската обврска за детално известување на фирмите за причините за избор на најповолната понуда или за отфрлање на одреден понудувач; Се намалуваат барањата за доставување на банкарска гаранција за понудата, како и висината на гаранцијата, Благо се...
јуни 8, 20105056

Центарот за граѓански комуникации ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава и од анкетата на фирмите за нивното искуство во постапките за јавни набавки.

Презентирајќи го  Кварталниот извештај за резултатите од мониторингот на јавните набавки во Република Македонија(.prf) за периодот од јануари до март 2010 година, г-ѓа Вања Михајлова и д-р Никола Тупанчески истакнаа дека сè уште постои широк простор за унапредување на процесот на јавни набавки во земјава, особено од аспект на подоследно почитување на законската регулатива од страна на државните институции, а ја истакнаа и потребата од допрецизирање на законските одредби за да се стесни просторот за можни злоупотреби во практиката.

Од мониторингот на јавните набавки на централно и на локално ниво можеа да се констатираат следниве клучни наоди:

  • Се зголемува користењето на критериуми за бодување на понудите со кои не се гарантира избор на најповолна понуда;
  • Се избираат несоодветни критериуми за утврдување на способноста на компаниите за учество во постапките за јавни набавки;
  • Висок процент на поништени постапки за јавни набавки (20% од мониторираните постапки);
  • Е-аукција се користи само во 5,5% од постапките за јавни набавки, што е неколкукратно помалку од законскиот праг од 30%;
  • Нагло се зголемува бројот на рамковни спогодби кои се склучуваат без прецизирање на начините на кои ќе им се доделуваат договорите на фирмите;
  • Не се почитува законската обврска за детално известување на фирмите за причините за избор на најповолната понуда или за отфрлање на одреден понудувач;
  • Се намалуваат барањата за доставување на банкарска гаранција за понудата, како и висината на гаранцијата,
  • Благо се намалува наплатувањето надомест за подигање на тендерска документација.

{vimeo}12200045{/vimeo}

Во спроведената анкета меѓу претставници од одделите за јавни набавки на 138 фирми, членки на Стопанска комора на РМ и на Сојузот на Стопански комори, како главни проблеми со кои фирмите посочуваат дека се соочуваат во постапките за јавни набавки се: нејасно изработена тендерска документација и техничка спецификација; неправилно бодирање на понудите и фаворизирање на одредена понуда; користење на несоодветни критериуми за доделување на договорот, како и доцнење на наплатата на побарувањата за набавените средства и услуги. Компаниите ја влошија оценката за вкупниот процес на јавни набавки во земјата. Просечна оценка дадена во оваа анкета е 2,80 за разлика од минатогодишната оценка од 2,93 (на скала од 1 до 5).

IMG_8371