Годишен извештај за јавните набавки

Центарот за граѓански комуникации го објави Годишниот извештај за јавните набавки (.pdf) кој ги содржи резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ, на конференцијата која се одржа на 22 февруари 2010 во Скопје. Извештајот, меѓу другото, ги потенцира десетте најголеми проблеми во јавните набавки во Македонија и нуди експертски препораки за надминување на слабостите во системот на јавни набавки. Целта на мониторингот е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот закон и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства при јавните набавки. На конференцијата присуствуваа педесетина претставници на институции и организации вклучени во процесот на јавни набавки кои ги изнесоа своите ставови и мислења за наодите од мониторингот на овој многу значаен процес. Англиската верзија на извештајот можете да ја преземете тука: Annual report on monitoring the implementation of public procurement (.pdf) {vimeo}9646493{/vimeo}
февруари 23, 20105268

Центарот за граѓански комуникации го објави Годишниот извештај за јавните набавки (.pdf) кој ги содржи резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ, на конференцијата која се одржа на 22 февруари 2010 во Скопје.

Извештајот, меѓу другото, ги потенцира десетте најголеми проблеми во јавните набавки во Македонија и нуди експертски препораки за надминување на слабостите во системот на јавни набавки.

Целта на мониторингот е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот закон и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства при јавните набавки. На конференцијата присуствуваа педесетина претставници на институции и организации вклучени во процесот на јавни набавки кои ги изнесоа своите ставови и мислења за наодите од мониторингот на овој многу значаен процес.

Англиската верзија на извештајот можете да ја преземете тука: Annual report on monitoring the implementation of public procurement (.pdf)

{vimeo}9646493{/vimeo}