Предлог-мерки и екпертско мислење изнесоа Вања Михајлова, д-р Ванчо Узунов и Живко Темелкоски. Од Сојузот на стопански комори на Македонија учествуваа Петре Филипоски и Александар Белев, од Стопанската комора на Македонија, Славица Богоева, од Државниот завод за ревизија Марина Величковска и Саша Јаковчевски, Ариф Муса од Државна комисија за спречување на корупцијата, Верица Јорданова од бизнис порталот Тотал, а од Бирото за јавни набавки Марија Попова Јовановска и Емил Јанчевски.
Учесниците ги поддржаа заложбите на ЦГК за намалување на корупцијата во јавните набавки, оценувајќи дека корупцијата во оваа област е на загрижувачко ниво и дека предложените мерки ќе придонесат за нејзино намалување и затоа треба да се се спроведат што поскоро.
Мерките за стеснување на просторот за корупција во јавните набавки може да ги преземете овде или во делот извештаи.