Истражување за примената на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од страна на новинарите

Истражување за примената на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на новинарите Со цел да се добие јасна слика за сегашната примена на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер од страна на новинарите, изработено е ова длабинско истражување, кое опфаќа анкета со новинари, тестирање на институциите како одговараат на новинарските барања за информации и компаративен приказ на законските рокови за добивање одговор во Република Македонија и во другите европски земји, како и во Европската Унија. Истражувањето ни дава валиден приказ на актуелните состојби и претставува добра појдовна основа за ефикасно спроведување на натамошни активности во насока на поголема примена на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер од страна на новинарите, што понатаму ќе влијае врз подобрување на квалитетот на информирањето. Оваа анализа е дел од активностите предвидени со проектот „Пристапот до информации – извор за поквалитетно информирање“, финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), кој Центарот за граѓански комуникации го спроведува во соработка со Access Info Europe од Шпанија и со Балканската истражувачка мрежа на новинари – БИРН Македонија. Целта на проектот е да се искористат позитивните искуства на старите и на новите членки на ЕУ во насока на едукацијата на македонските новинари како да го користат пристапот до информациите од јавен карактер во дневното новинарство, како да бараат информации не само во Македонија, туку и во другите земји во светот кои ја имаат оваа регулатива, како и во европските институции. Во рамките на проектот, посебен акцент ќе биде ставен и...
октомври 29, 20126427

Истражување за примената на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на новинарите

Со цел да се добие јасна слика за сегашната примена на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер од страна на новинарите, изработено е ова длабинско истражување, кое опфаќа анкета со новинари, тестирање на институциите како одговараат на новинарските барања за информации и компаративен приказ на законските рокови за добивање одговор во Република Македонија и во другите европски земји, како и во Европската Унија. Истражувањето ни дава валиден приказ на актуелните состојби и претставува добра појдовна основа за ефикасно спроведување на натамошни активности во насока на поголема примена на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер од страна на новинарите, што понатаму ќе влијае врз подобрување на квалитетот на информирањето.

Оваа анализа е дел од активностите предвидени со проектот „Пристапот до информации – извор за поквалитетно информирање“, финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), кој Центарот за граѓански комуникации го спроведува во соработка со Access Info Europe од Шпанија и со Балканската истражувачка мрежа на новинари – БИРН Македонија. Целта на проектот е да се искористат позитивните искуства на старите и на новите членки на ЕУ во насока на едукацијата на македонските новинари како да го користат пристапот до информациите од јавен карактер во дневното новинарство, како да бараат информации не само во Македонија, туку и во другите земји во светот кои ја имаат оваа регулатива, како и во европските институции. Во рамките на проектот, посебен акцент ќе биде ставен и врз примената на слободниот пристап до информации во истражувачкото новинарство, за што ќе биде искористено големото искуство на новинарите во Бугарија, кои преку овој инструмент обелоденија низа корупциски скандали во земјата, меѓу другите и за злоупотребата на парите од европските фондови.