Државата треба да ја зголеми контролата врз јавните набавки

Центарот за граѓански комуникации на 22 октомври 2009 го презентираше Извештајот за резултатите од мониторингот на процесот на јавните набавки (.pdf), кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на контролата и заштитата во областа на јавните набавки, меѓу другото, се констатира: Зголемување на трендот на поништување на постапките за јавни набавки на 25% од мониторираните набавки, иако на поништените набавки учествувале просечно по 5 фирми-понудувачи, што фрла сомнеж врз мотивите за поништување на постапките; Во 40% од мониторираните постапки се користени „манипулативни“ елементи за избор на најповолна понуда како рок на испорака и плаќање, гаранција, референтна листа и сл., со што се доведува во прашање обезбедувањето на принципот на рационално и ефикасно трошење на јавните пари; Многу ниско ниво на учество на електронските набавки од само 1%, што укажува на неподготвеност да се исполни законската обврска – од 2010 година електронскиот систем да се користи во 30% од набавките, како начин на намалување на корупцијата и заштита на буџетски пари; Постојната законска и институционална поставеност не обезбедуваат квалитетни и ефикасни механизми за контрола на постапките за доделување и реализација на склучените договори за јавни набавки; Административните тела за следење и унапредување на процесот на јавни набавки во земјите од регионот имаат овластувања да вршат и надзор над самиот процес на јавни набавки, што не е случај со Македонија. Претставувајќи ги резултатите од мониторингот и од анализата на контролата во јавните набавки, претставниците на експертскиот тим, г-ѓа Вања Михајлова и г. Мирослав Трајановски нагласија дека државата треба да ја засили...
октомври 22, 20095319

Центарот за граѓански комуникации на 22 октомври 2009 го презентираше Извештајот за резултатите од мониторингот на процесот на јавните набавки (.pdf), кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на контролата и заштитата во областа на јавните набавки, меѓу другото, се констатира:

  • Зголемување на трендот на поништување на постапките за јавни набавки на 25% од мониторираните набавки, иако на поништените набавки учествувале просечно по 5 фирми-понудувачи, што фрла сомнеж врз мотивите за поништување на постапките;
  • Во 40% од мониторираните постапки се користени „манипулативни“ елементи за избор на најповолна понуда како рок на испорака и плаќање, гаранција, референтна листа и сл., со што се доведува во прашање обезбедувањето на принципот на рационално и ефикасно трошење на јавните пари;
  • Многу ниско ниво на учество на електронските набавки од само 1%, што укажува на неподготвеност да се исполни законската обврска – од 2010 година електронскиот систем да се користи во 30% од набавките, како начин на намалување на корупцијата и заштита на буџетски пари;
  • Постојната законска и институционална поставеност не обезбедуваат квалитетни и ефикасни механизми за контрола на постапките за доделување и реализација на склучените договори за јавни набавки;
  • Административните тела за следење и унапредување на процесот на јавни набавки во земјите од регионот имаат овластувања да вршат и надзор над самиот процес на јавни набавки, што не е случај со Македонија.

Претставувајќи ги резултатите од мониторингот и од анализата на контролата во јавните набавки, претставниците на експертскиот тим, г-ѓа Вања Михајлова и г. Мирослав Трајановски нагласија дека државата треба да ја засили контролата врз процесот на јавни набавки со што би се надминала сегашната состојба на исклучително мал број постапки за јавни набавки кои имаат судски епилог.

Извештајот, меѓу другото им препорачува на надлежните органи и институции да ги преземат следниве мерки за подобрување на системот за јавни набавки:

  • Да се засили улогата на Бирото за јавни набавки со доделување на овластувања да врши надзор над процесот на јавни набавки, а неговите препораки и инструкции да имаат обврзувачки карактер;
  • Во Законот за јавни набавки да се вградат казнени и прекршочни одредби како што е праксата во земјите од регионот, а е во согласност и со македонската законодавна практика;
  • Да се воведат контроли за основаноста при поништување на постапките и да се стесни широко поставената законска рамка за поништување на постапките за јавни набавки;
  • Бирото за јавни набавки да дефинира препораки за попрецизно определување на критериумите за избор на најповолна понуда за да се намали сегашната можност за субјективизам и манипулации.

Целта на мониторингот е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот Закон за јавни набавки и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за  потрошените средства кај набавките.