Предлог мерки за стеснување на просторот за корупција во бесправното градење

Центарот за граѓански комуникации на 02 октомври ги достави предлог мерките за стеснување на просторот за корупција во бесправното градење до надлежните институции и медиуми во земјата. Мерките беа предложени и дискутирани на третата работилница која ја организараше Центарот во текот на месецот септември. Предложените мерки главно се во насока на: засилување и заострување на инспекциските контроли; поефикасно справување и санкционирање на проблемот со бесправните градби, како и зголемување на ризичноста и бесперспективноста на бесправното градење.
октомври 13, 20085447

Потребата од преземање на мерките доаѓа од широкиот простор за корупција во бесправното градење и урбанизмот на што сугерираат: илјадниците бесправни градби; високиот процент нереализирани решенија за уривање на бесправно изградени објекти, како и големото учество на станбени и деловни згради меѓу дивоградбите што говори дека станува збор за нелегален бизнис, а не за решавање на индивидуални станбени прашања.

 

На работилницата екпертско мислење во оваа област изнесоа Вања Михајлова, д-р Мирослав Грчев и Мирослав Марковски, но своето мислење го поделија и претставници од Сојузот на стопански комори на Македонија, Државната комисија за спречување на корупцијата, Општината Ѓорче Петров, Заедницата на единици на локална самоуправа, Град Скопје и други.

Мерките за стеснување на просторот за корупција во бесправното градење може да се превземат во делот извештаи или овде.