МАК втор број

ВО ОВОЈ БРОЈ Корупцијата ги мачи и земјите од нашето непосредно соседство. Овој број носи подлабок приказ на состојбата во Косово. Тамошната антикорупциска агенција поднесе пријави за 159 службеници осомничени за корупција. Сепак, меѓународните аналитичари оценуваат дека корупцијата во Косово е сè уште многу застапена и дека борбата против неа досега немала повидливи резултати. На истата тема пренесуваме една сеопфатна анализа на Балканската истражувачка мрежа која ги истражува дупките во здравствените институции на Косово. Еден американски истражувач открива поврзаност меѓу степенот на корупција во една земја со вербата на луѓето и во институциите и во луѓето. Во Кина, пак, поради ограничениот број на научно-истражувачки трудови што може да се објават во текот на една година откриен е нелегален бизнис со овие трудови вреден милиони долари. Антикорупцискиот експерт Вања Михајлова овој пат ги анализира цената и последиците од корупцијата за економијата. Во продолжение можете да ги прочитате ексклузивно резултатите од истражувањето на задоволството на граѓаните, бизнисмените и претставниците на граѓанските организации од работата на општините во Источна Македонија. Исто така, истражувањето го мери и степенот на вклученост на локалната заедница во процесот на донесување одлуки во општините. Резултатите од истражувањето ќе послужат како основа за изработка на препораки за преземање мерки да се надминат утврдените слабости и да се унапреди работењето на локалните власти. На крајот нудиме еден интересен колаж од насловни плакати за антикорупциски кампањи ширум светот. И овој пат се надеваме дека понудените теми ќе придонесат секој од нас, во областа на своето работење, да помогне во поголема и подоследна примена на принципите и...
април 1, 20124914

ВО ОВОЈ БРОЈ

Корупцијата ги мачи и земјите од нашето непосредно соседство. Овој број носи подлабок приказ на состојбата во Косово. Тамошната антикорупциска агенција поднесе пријави за 159 службеници осомничени за корупција. Сепак, меѓународните аналитичари оценуваат дека корупцијата во Косово е сè уште многу застапена и дека борбата против неа досега немала повидливи резултати.

На истата тема пренесуваме една сеопфатна анализа на Балканската истражувачка мрежа која ги истражува дупките во здравствените институции на Косово. Еден американски истражувач открива поврзаност меѓу степенот на корупција во една земја со вербата на луѓето и во институциите и во луѓето. Во Кина, пак, поради ограничениот број на научно-истражувачки трудови што може да се објават во текот на една година откриен е нелегален бизнис со овие трудови вреден милиони долари.

Антикорупцискиот експерт Вања Михајлова овој пат ги анализира цената и последиците од корупцијата за економијата. Во продолжение можете да ги прочитате ексклузивно резултатите од истражувањето на задоволството на граѓаните, бизнисмените и претставниците на граѓанските организации од работата на општините во Источна Македонија. Исто така, истражувањето го мери и степенот на вклученост на локалната заедница во процесот на донесување одлуки во општините. Резултатите од истражувањето ќе послужат како основа за изработка на препораки за преземање мерки да се надминат утврдените слабости и да се унапреди работењето на локалните власти. На крајот нудиме еден интересен колаж од насловни плакати за антикорупциски кампањи ширум светот. И овој пат се надеваме дека понудените теми ќе придонесат секој од нас, во областа на своето работење, да помогне во поголема и подоследна примена на принципите и начелата на доброто владеење.

Месечник за антикорупција МАК