МАК четврти број

Во овој број Професионализација на членовите на Комисијата за спречување на корупцијата и практична примена на антикорупциските прописи во земјава и предлага, меѓу другото, на Македонија Драго Кос, првиот човек на словенечката Антикорупциска комисија и претседател на ГРЕКО, Групата на земји за борба против корупција при Советот на Европа, во ексклузивното интервју за Месечникот за антикорупција. „Треба да се снајдете и кога нема политичка волја за борба против корупцијата“, вели Кос, кој ја спаси Комисијата за спречување на корупцијата од обидот на словенечките политичари да ја укинат. Имајќи ги предвид неколкуте срамежливи најави дека се подготвуваат измени на Законот за спречување на корупцијата, во овој број нудиме мислења на релевантни чинители од оваа област за можните насоки кон кои треба да се движат измените на законот, односно дали постоечкиот закон треба само да се дотера или темелно да се промени. Од 1 мај оваа година, сите фирми од земјите-членки на ЦЕФТА, меѓу кои и Македонија, можат слободно да конкурираат на огласите за јавни набавки во секоја од овие земји. Ги анализираме можните придобивки од ова отворање на пазарот за јавни набавки, но и евентуалните проблеми на патот на очекуваното зголемување на конкурентноста, транспарентноста и ефикасноста на набавките во земјите од ЦЕФТА. Огромната улога на медиумите во борбата против корупцијата и организираниот криминал повторно се актуелизира на светско ниво. Како повод овојпат се искористи Меѓународниот ден на слобода на медиумите. Во т.н. Бризбенска декларација, која произлезе како завршен документ од конференцијата на УНЕСКО за слободата на медиумите, особено се истакнува дека „правото на информација е критично...
април 1, 20127072

Во овој број

Професионализација на членовите на Комисијата за спречување на корупцијата и практична примена на антикорупциските прописи во земјава и предлага, меѓу другото, на Македонија Драго Кос, првиот човек на словенечката Антикорупциска комисија и претседател на ГРЕКО, Групата на земји за борба против корупција при Советот на Европа, во ексклузивното интервју за Месечникот за антикорупција. „Треба да се снајдете и кога нема политичка волја за борба против корупцијата“, вели Кос, кој ја спаси Комисијата за спречување на корупцијата од обидот на словенечките политичари да ја укинат.

Имајќи ги предвид неколкуте срамежливи најави дека се подготвуваат измени на Законот за спречување на корупцијата, во овој број нудиме мислења на релевантни чинители од оваа област за можните насоки кон кои треба да се движат измените на законот, односно дали постоечкиот закон треба само да се дотера или темелно да се промени.

Од 1 мај оваа година, сите фирми од земјите-членки на ЦЕФТА, меѓу кои и Македонија, можат слободно да конкурираат на огласите за јавни набавки во секоја од овие земји. Ги анализираме можните придобивки од ова отворање на пазарот за јавни набавки, но и евентуалните проблеми на патот на очекуваното зголемување на конкурентноста, транспарентноста и ефикасноста на набавките во земјите од ЦЕФТА.

Огромната улога на медиумите во борбата против корупцијата и организираниот криминал повторно се актуелизира на светско ниво. Како повод овојпат се искористи Меѓународниот ден на слобода на медиумите. Во т.н. Бризбенска декларација, која произлезе како завршен документ од конференцијата на УНЕСКО за слободата на медиумите, особено се истакнува дека „правото на информација е критично за… зголемување на транспарентноста и отчетноста и претставува моќно орудие за борба против корупцијата“.

Почитувани, овој месец, заедно со месечникот ви доставуваме и краток анкетен прашалник кој, ако го пополните, ќе ни помогне да ги унапредиме квалитетот и содржините на месечникот и на тој начин – сите заедно – да придонесеме кон намалувањето на просторот за корупција во Македонија. Сè што треба да сторите е пополнетиот прашалник да го ставите во претходно адресираниот плик и да го пуштите преку пошта или да и го дадете на вашата служба за пратки да го стори тоа наместо вас. Искрено ви благодариме.

Месечник за антикорупција МАК број 4

Fourth MAK issue