МАК петти број

Во овој број Пред вас е најновото издание на Месечникот за антикорупција – МАК. Најнапред, благодарност до сите вас кои одговоривте и ни го испративте назад анкетниот прашалник, со кој сакавме да дознаеме колку сте задоволни од месечникот и да прибереме предлози и сугестии за негово унапредување. За сите кои не го сторија тоа, потсетување и молба да го направат тоа што е можно поскоро, бидејќи вашите мислења се од клучна важност за подобрување на нашата работа. За вашите одговори и сугестии ќе ве информираме во следниот број на месечникот, а во меѓувреме внимателно ги проучуваме за да можеме веднаш да ги примениме во содржините на месечникот. Во овој број пренесуваме два слични примери за казнување на корупцијата во две земји на различни краишта од светот и со различни уредувања и убедувања. САД и Кина казнија видни граѓани поради вмешаност во корупција. И во двете земји, казните се сметаат како порака до општествата за тврдиот став на властите против криминалот. Во соседна Грција, пак, по серијата масовни и насилни протести, Владата мораше да вети дека ќе ја исчисти корупцијата во своите редови за да ја врати довербата на граѓаните. Нашиот постојан соработник, антикорупцискиот експерт Михајлова, се осврнува на потребата од поголема транспарентност на буџетот како клучно средство за учество на граѓаните и за демократска контрола во постапката за донесување на буџетот, но и за трошење на средствата. И овде искуствата од две земји од различни страни на светот покажуваат дека залагањата за отворен буџет значително ја намалуваат корупцијата и ја подобруваат одговорноста на службените лица....
април 1, 20126556

Во овој број

Пред вас е најновото издание на Месечникот за антикорупција – МАК. Најнапред, благодарност до сите вас кои одговоривте и ни го испративте назад анкетниот прашалник, со кој сакавме да дознаеме колку сте задоволни од месечникот и да прибереме предлози и сугестии за негово унапредување. За сите кои не го сторија тоа, потсетување и молба да го направат тоа што е можно поскоро, бидејќи вашите мислења се од клучна важност за подобрување на нашата работа. За вашите одговори и сугестии ќе ве информираме во следниот број на месечникот, а во меѓувреме внимателно ги проучуваме за да можеме веднаш да ги примениме во содржините на месечникот.

Во овој број пренесуваме два слични примери за казнување на корупцијата во две земји на различни краишта од светот и со различни уредувања и убедувања. САД и Кина казнија видни граѓани поради вмешаност во корупција. И во двете земји, казните се сметаат како порака до општествата за тврдиот став на властите против криминалот.

Во соседна Грција, пак, по серијата масовни и насилни протести, Владата мораше да вети дека ќе ја исчисти корупцијата во своите редови за да ја врати довербата на граѓаните.

Нашиот постојан соработник, антикорупцискиот експерт Михајлова, се осврнува на потребата од поголема транспарентност на буџетот како клучно средство за учество на граѓаните и за демократска контрола во постапката за донесување на буџетот, но и за трошење на средствата. И овде искуствата од две земји од различни страни на светот покажуваат дека залагањата за отворен буџет значително ја намалуваат корупцијата и ја подобруваат одговорноста на службените лица.

Во продолжение, експерти по кривично право ја анализираат новата инкриминација во Кривичниот законик за злоупотреба на постапката за јавен повик и доделување договор за јавна набавка, која се предвидува како сериозно казнено дело со висока казна, поаѓајќи од тоа дека претставува атак не само врз одделни лица, туку и врз севкупната општествена заедница.

Во овој број уште и за поткупот кој многу меѓународни компании го плаќаат како цена на водењето бизнис во одредени земји. По неколку големи корупциски скандали, сега самите меѓународни компании се противставуваат на давањето пари за поткуп.

Се надеваме дека содржините и од овој број на месечникот ќе придонесат за продлабочување на сознанијата за принципите на чесното и одговорно работење и секому од нас ќе му послужат како патоказ за однесување во својата работа.

Месечник за антикорупција МАК број 5