Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки (2017-2019)

Проектот овозможува поактивно учество на граѓанските организации во подобрувањето на регулативата и примената на најдобри практики за намалување на корупцијата и за зголемување на ефективноста во јавните трошења. Исто така проектот е насочен кон унапредување на разбирањето меѓу засегнатите страни и граѓаните на потребата од поголема транспарентност, отчетност и интегритет во јавните трошења.
август 29, 20176563

Се очекува проектот да резултира со: воспоставена мрежа од граѓански организации кои го мониторираат спроведувањето на јавните набавки користејќи унифицирани алатки за мерење и проценка на почитувањето на стандардите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки и нивно спроведување според потребите на граѓаните; годишно рангирање на околу 100 државни институции на национално и на локално ниво според исполнувањето на стандардите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки; изработка и објавување на препораки врз основа на длабочинско истражување и широки консултации со засегнатите страни; засилен јавен притисок за унапредување на регулативата и практиката на јавните трошења.

Проектот го спроведува Центарот за граѓански комуникации – Скопје, во партнерство со Фондацијата Фокус – Велес, а е финансиски поддржан од програмата на ЕУ за поддршка на организациите од граѓанското општество во рамките на Civil Society Facility Action 2015, бр. на договор IPA/2016/382-842. Вкупната вредност на проектот изнесува 298.840 евра.