Копупција во јавните набавки – Проект „Компјутер за секое дете“

Proekt Korupcija - Даниела Саздова Како функционира проектот „компјутер за секое дете“ во велешко?Деветгодишната Алма Исламова е ученичка во трето одделение во ОУ „Стојан Бурчевски, Буридан во велешкото село Сујаклари.Таа е солидна ученичка и за неа наставниците велат дека има голем талент за информатика.Но Алма нема каде да ги развива своите способности затоа што нема компјутер ни во училиште, ниту дома. Таа  ни ја кажа неостварената желба, да има компјутер. Но затоа пак нејзината мајка, Ханке, се надева дека материјалната состојба во семејството ќе се подобри и ќе можат да му купат компјутер на своето единствено дете.„ Понатаму а можеби и сега кога ќе го продадеме тутунот ќе и купиме компјутер" вели Ханке, мајката на Алма.Алма ја запознавме во училиштето. И тану неможе да учи со помош на компјутери иако компјутерите од проектот „Компјутер за секое дете",  веќе се во училишната зграда.  Дваесет и трите компјутери од владиниот проект  на кои треба да учат четириесетте ученици се во наставничката канцеларија. Во училиштето не стигнале инсталатерите на фирмата која беше избрана на тендерот.Не само во Сујаклари, владините компјутери сеуште не се инсталирани и во основното училиште во село Бузалково. Тоа е подрачно училиште на велешкото Васил Главинов и во него учат 320 ученици. Таму од проектот на владата во јануари годинава  стигнаа 140 компјутери.Според родителите на учениците причина за неинсталираните компјутери беше слабата електрична инсталација што пак е  нелогично затоа што пред пет години  ова училиште се  реновираше со 50 илјади евра донација од Швајцарската амбасада. Од општина Велес потврдија дека и таму доцни инсталацијата но...
март 26, 20123613

Proekt Korupcija – Даниела Саздова

Како функционира проектот „компјутер за секое дете“ во велешко?

Деветгодишната Алма Исламова е ученичка во трето одделение во ОУ „Стојан Бурчевски, Буридан во велешкото село Сујаклари.

Таа е солидна ученичка и за неа наставниците велат дека има голем талент за информатика.

Но Алма нема каде да ги развива своите способности затоа што нема компјутер ни во училиште, ниту дома. Таа  ни ја кажа неостварената желба, да има компјутер. Но затоа пак нејзината мајка, Ханке, се надева дека материјалната состојба во семејството ќе се подобри и ќе можат да му купат компјутер на своето единствено дете.

„ Понатаму а можеби и сега кога ќе го продадеме тутунот ќе и купиме компјутер” вели Ханке, мајката на Алма.

Алма ја запознавме во училиштето. И тану неможе да учи со помош на компјутери иако компјутерите од проектот „Компјутер за секое дете”,  веќе се во училишната зграда.  Дваесет и трите компјутери од владиниот проект  на кои треба да учат четириесетте ученици се во наставничката канцеларија. Во училиштето не стигнале инсталатерите на фирмата која беше избрана на тендерот.

Не само во Сујаклари, владините компјутери сеуште не се инсталирани и во основното училиште во село Бузалково. Тоа е подрачно училиште на велешкото Васил Главинов и во него учат 320 ученици. Таму од проектот на владата во јануари годинава  стигнаа 140 компјутери.

Според родителите на учениците причина за неинсталираните компјутери беше слабата електрична инсталација што пак е  нелогично затоа што пред пет години  ова училиште се  реновираше со 50 илјади евра донација од Швајцарската амбасада. Од општина Велес потврдија дека и таму доцни инсталацијата но не поради струјата туку поради тоа што не стигнало на ред кај фирмата што ги инсталира компјутерите.

За разлика од овие, во основното училиште Васил Главинов во Велес, има компјутери. Поставени се на училишните клупи некои работат но некои не.

„Се јавуваат одредени потешкотии, неисправни монитори и софтвери. Контактиравме со лицето задолжено за Велес како би можеле во пократко време да ги решиме проблемите и да ги ставиме во функција компјутерите. Проблеми имаме и ќе имаме во финансирањето на потрошената електрична енегрија бидејќи голем дел од сретствата во училиштата се намалени.Со илјада и повеќе компјутери потрошувачката на струја ќе се зголеми па ценам дека локалната самоуправа и министерството за образование мораат да  имаат слух за овој проблем” вели директорот на ОУ „Васил Главинов” Асен Прличков.

Пред инсталирањето на новите компјутери ова училиште за струја месечно  плаќало 10 илјади денари. Сега кога има вкупно илјада компјутери, или двојно повеќе од лани, според пресметките на директорот Васил Главинов ќе треба да плаќа 20 илјади денари. Парите треба да ги обезбеди министерството за образование од државниот буџет.

Инаку со владиниот проект досега на седумте основни и четирите средни училишта во Велес во кои учат 7.839 ученици министерството за информатичко општество им подели вкупно 5.969 компјутери.  За 1.870 ученици компјутер сеуште нема.

Јавната набавка на компјутерите од владиниот проект ја направи  Министерството за информатичко општество.  Така е објавено на официјалниот сајт на Бирото за јавни набавки. На сајтот се објавени два договори првиот од 2008 година за набавка на лап топ компјутери  и вториот од 2009-та за набавка на компјутери. Во првиот договор пишува дека јавната набавка чинела околу 12 милиони , а во вториот околу 7,5 милиони евра. Но, во договорите не се објавени количините на купените компјутери ниту по која цена. Министерот Ивановски вели во изминатите години биле направени неколку набавки и обелодени колку компјутери купила државата  и по која цена. Тоа се бројки што се однесуваат, само на последната набавка, за потребите на основното образование.

„Купени се 65 илјади работни станици и во просек еден компјутер доаѓа по 8,5 илјади денари, вклучувајќи три годишна гаранција. Значи доколку има дефекти производителот секое училиште има можност да ги однесе во 25-те сервисни центри низ Македонија, да ги сервисира компјутерите бесплатно и уште три години постгарантен период што занчи дека добавувачот е задолжен да има делови за во наредните шест години со кои ќе се сервисираат компјутерите”, рече министерот за информатичко општество Иво  Ивановски.

Компјутерите се набавени од кинеската  корпорација Хаер, а  лап топ компјутерите  од српската фирма ЦТ компјутерс.

„Набавката беше според законот за јавни набавки и беше интернационална, поради обемноста. Хаер е кинескиот произведувач, бренд број еден во Азија за производство на бела техника и технологија и тој ги набави работните станици за т-стоповите, додека Кинг Ајс Ти е фирмата која ги набави лап топовите и ЦТ компјутери која ги набави лап топовите од прво до трето одделение, рече  министертот Ивановски.

Договорите со кинеската и српската фирма се објавени на сајтот на Бирото за јавн и набавки скоро 30 дена по истекот на законски пропишаниот рок. Но таму го нема договорот со третата фирма Кинг Ајс Ти.

Исто така, нема договор со кој министерството ги обврзува училиштата  да се грижат и да ги чуваат компјутерите за кои државата плати 19,5 милиони евра. Министерот Ивановски вели тоа било оставено на совеста на менаџерите. За неинсталирање на компјутерите во двете училишта во велешко вината ја гледа кај инсталатерите.

Ако во просек само за еден компјутер во овие две училишта државата плати 140 евра и потроши 102 илјади евра, тогаш неизвесно е дали одгворните ќе бараат  одговорност за штетата што овие ученици ја трпат. Една од нив е и Алма, на чија ученичка клупа неизвесно  е кога ќе биде поставен компјутер.

Приказната е објавена на веб порталот Лисица и на ТВ Канал 21 Велес и е поддржана од  Центарот за граѓански комуникации во рамки на активноста „Известување за корупцијата во јавните набавки“