Истражување на актуелните практики во општините Штип, Струмица, Свети Николе и Виница

Резултати од истражувањето на актуелните практики во општините од Источна Македонија: Штип, Струмица, Свети Николе и ВиницаНВО  Инфоцентарот,  Центарот  за  граѓански  комуникации  и  ЕХО,  во периодот  од  септември 2009  година  до  август 2012  година  го реализираат „Проектот на УСАИД за транспарентно владеење”.  Тргнувајќи  од фактот  дека  еден  од  најдобрите  начини  за  борба  против корупцијата  е  поголемата  транспарентност,  одговорност  и  отчетност, овој  проект  ќе  придонесе  кон  заживување  на  механизмите  запотранспарентно,  поодговорно  и  поотчетно  работење  на  локалните власти, кон зајакнување на учеството на  граѓаните и бизнис заедницата во донесувањето одлуки на локално ниво, како и кон размената на добрипрактики меѓу локалните самоуправи во земјава. Првата фаза  од  проектот  опфаќа  истражување  на  актуелните  практики на  локалните  самоуправи  во  четири  пилот  општини  во  Источна Македонија.  Целта  на  ова  истражување  е  да  се  дојде  до  релевантниподатоци за задоволство на  граѓаните,  граѓанските здруженија и бизнис заедницата  од  услугите  што  им  ги  нуди  општината,  како  и  да  се детектираат  евентуалните  слабости  во  работењето  на  општините,  а  вонасока на транспарентно, ефикасно и отчетно работење. Задоволството  на  граѓаните, НВО-и  и бизнис  секторот  од  услугите што им ги нудат општините се оценува преку: •  нивната информираност за работата на општината; •  нивната вклученост во донесувањето одлуки; •  можноста  да  укажат  на  слабостите  во  функционирањето  наопштината и на вработените во општинската администрација и •  отчетноста што ја добиваат од општината.Можноста, освен корисниците, и претставниците на општината да дадат свое  гледање за ефикасноста во давањето на услугите овозможи да се дојде до информации за постоењето на соодветен систем, процедури ипостапки со  кои се  гарантира постојаност на  квалитетот...
март 1, 20126656

Резултати од истражувањето на актуелните практики во општините од Источна Македонија: Штип, Струмица, Свети Николе и Виница

НВО  Инфоцентарот,  Центарот  за  граѓански  комуникации  и  ЕХО,  во периодот  од  септември 2009  година  до  август 2012  година  го реализираат „Проектот на УСАИД за транспарентно владеење”. 

Тргнувајќи  од фактот  дека  еден  од  најдобрите  начини  за  борба  против корупцијата  е  поголемата  транспарентност,  одговорност  и  отчетност, овој  проект  ќе  придонесе  кон  заживување  на  механизмите  за
потранспарентно,  поодговорно  и  поотчетно  работење  на  локалните власти, кон зајакнување на учеството на  граѓаните и бизнис заедницата во донесувањето одлуки на локално ниво, како и кон размената на добри
практики меѓу локалните самоуправи во земјава.

Првата фаза  од  проектот  опфаќа  истражување  на  актуелните  практики на  локалните  самоуправи  во  четири  пилот  општини  во  Источна Македонија.  Целта  на  ова  истражување  е  да  се  дојде  до  релевантни
податоци за задоволство на  граѓаните,  граѓанските здруженија и бизнис заедницата  од  услугите  што  им  ги  нуди  општината,  како  и  да  се детектираат  евентуалните  слабости  во  работењето  на  општините,  а  во
насока на транспарентно, ефикасно и отчетно работење.

Задоволството  на  граѓаните, НВО-и  и бизнис  секторот  од  услугите што им ги нудат општините се оценува преку:
•  нивната информираност за работата на општината;
•  нивната вклученост во донесувањето одлуки;
•  можноста  да  укажат  на  слабостите  во  функционирањето  на
општината и на вработените во општинската администрација и
•  отчетноста што ја добиваат од општината.

Можноста, освен корисниците, и претставниците на општината да дадат свое  гледање за ефикасноста во давањето на услугите овозможи да се дојде до информации за постоењето на соодветен систем, процедури и
постапки со  кои се  гарантира постојаност на  квалитетот во работата на општината.

Резултатите од истражувањето послужија, меѓу другото, да се утврди:
•  Дали општината навреме и соодветно ги информира граѓаните за својата работа?
•  Дали  и  на  кој  начин  граѓаните  се  вклучуваат  во  донесувањето одлуки?
•  Како  општината  соработува  со  граѓанските  организации  и бизнис секторот?
•  Кои се слабостите во функционирањето на општините?
•  Дали  општината  има  вградени  механизми  за  откривање  на незаконско и неетичко работење?
•  Дали  се  води  активна  антикорупциска  политика и дали  граѓаните се вклучени во оваа битка?
•  Дали е општината отчетна за резултатите од работењето?

Резултатите од истражувањето ќе послужат како основа за изработка на препораки за преземање мерки за надминување на утврдените слабости и унапредување на работењето на локалните власти.