Покана за новинари за доставување предлози за истражувачки приказни од областа на јавните набавки

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“ спроведува иницијатива за поголема вклученост на медиумите во истражувањето и известувањето за јавните набавки. Во оваа насока, покрај обуките за новинари од националните и локалните медиуми за истражување и известување за јавните набавки, предвидена е поддршка на новинари за конкретни истражувања во оваа сфера. За таа цел ги покануваме сите заинтересирани новинари да го пополнат  планот за истражување во сферата на јавните набавки (.doc) кој може да се преземе на линкот и да го достават до Центарот за граѓански комуникации по електронски пат до 18 април 2010 година. Најдобрите три новинарски предлози од националните медиуми и три од локалните медиуми ќе добијат финансиска поддршка за надомест на трошоците за реализација на истражувањето. Новинарските стории што ќе произлезат од предлозите ќе треба да се објават на матичните медиуми на избраните новинари. Воедно, Центарот за граѓански комуникации ќе ги публикува победничките истражувачки стории во месечникот за антикорупција „МАК“ што го издава Центарот. За повеќе информации и детали за овој повик јавете се на тел: (02) 3213-513 или пишете ни на емаил: center@ccc.org.mk . Лице за контакт Елена Ристевска.
април 9, 20105669

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“ спроведува иницијатива за поголема вклученост на медиумите во истражувањето и известувањето за јавните набавки. Во оваа насока, покрај обуките за новинари од националните и локалните медиуми за истражување и известување за јавните набавки, предвидена е поддршка на новинари за конкретни истражувања во оваа сфера.

За таа цел ги покануваме сите заинтересирани новинари да го пополнат  планот за истражување во сферата на јавните набавки (.doc) кој може да се преземе на линкот и да го достават до Центарот за граѓански комуникации по електронски пат до 18 април 2010 година. Најдобрите три новинарски предлози од националните медиуми и три од локалните медиуми ќе добијат финансиска поддршка за надомест на трошоците за реализација на истражувањето. Новинарските стории што ќе произлезат од предлозите ќе треба да се објават на матичните медиуми на избраните новинари. Воедно, Центарот за граѓански комуникации ќе ги публикува победничките истражувачки стории во месечникот за антикорупција „МАК“ што го издава Центарот.

За повеќе информации и детали за овој повик јавете се на тел: (02) 3213-513 или пишете ни на емаил: center@ccc.org.mk . Лице за контакт Елена Ристевска.