Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија 2011

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонијa 2011 КЛУЧНИ НАОДИ1. Релативно честа е застапеноста на корупцијата како тема во медиумите.2. За корупцијата не се пишува/зборува на почетните страници и во првите минути од вестите.3. Текстовите за корупција доминантно не се најавуваат на насловните страници или во ударните вести.4. По една третина текстови се мали, средни и големи.5. Малку текстови се илустрирани со оригинална фотографија или со автентични снимки.6. Жанровски доминираат вестите далеку над истражувачките приказни.7. Авторот не е познат речиси кај половина од текстовите.8. Самостојно истражување на новинарот било повод за исклучително мал број текстови.9. Повеќе од половина од текстовите немаат извори или имаат само еден извор.10. Полицијата, политичките партии и функционерите се главни извори на медиумите за информациите за корупција.11. Повеќе од половина од текстовите имаат само една страна во приказната.12. Изворите се доминантно наведени.13. Доминираат официјалните пред неофицијалните извори.14. Актерот на корупцијата не е консултиран во доминантен дел од текстовите.15. Новинарот не поседува, ниту видел докази (документи) за потврда на пишувањата за корупција во доминантен дел од текстовите.16. Злоупотреба на службената положба е најчестиот акт на корупција за кој објавувале македонските медиуми.17. Половина од текстовите се однесуваат на корупција во владините институции.Во доминантен дел од текстовите, актерот на корупцијата ѝ припаѓа на сегашната власт.
март 4, 20127143

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонијa 2011

КЛУЧНИ НАОДИ

1. Релативно честа е застапеноста на корупцијата како тема во медиумите.
2. За корупцијата не се пишува/зборува на почетните страници и во првите минути од вестите.
3. Текстовите за корупција доминантно не се најавуваат на насловните страници или во ударните вести.
4. По една третина текстови се мали, средни и големи.
5. Малку текстови се илустрирани со оригинална фотографија или со автентични снимки.
6. Жанровски доминираат вестите далеку над истражувачките приказни.
7. Авторот не е познат речиси кај половина од текстовите.
8. Самостојно истражување на новинарот било повод за исклучително мал број текстови.
9. Повеќе од половина од текстовите немаат извори или имаат само еден извор.
10. Полицијата, политичките партии и функционерите се главни извори на медиумите за информациите за корупција.
11. Повеќе од половина од текстовите имаат само една страна во приказната.
12. Изворите се доминантно наведени.
13. Доминираат официјалните пред неофицијалните извори.
14. Актерот на корупцијата не е консултиран во доминантен дел од текстовите.
15. Новинарот не поседува, ниту видел докази (документи) за потврда на пишувањата за корупција во доминантен дел од текстовите.
16. Злоупотреба на службената положба е најчестиот акт на корупција за кој објавувале македонските медиуми.
17. Половина од текстовите се однесуваат на корупција во владините институции.

Во доминантен дел од текстовите, актерот на корупцијата ѝ припаѓа на сегашната власт.