Мерки за стеснување на просторот за корупција во здравството

1. Државниот завод за ревизија да ги зајакне ревизиите во Фондот за здравствено осигурување, клиниките, другите јавни здравствени установи и во приватните организации за делот на средствата кои ги користат за финансирање од Фондот за здравствено осигурување;2. Да се назначат овластен сметководител и овластен внатрешен ревизор во сите јавни здравствени установи, поединечно или заеднички, зависно од големината на установата;3. Да се воспостават процедури за детално и прецизно пропишување на начинот на работење во здравствените установи;4. Да се воспостави точна евиденција на материјално-финансиското работење во здравствените установи;5. Да се дефинираат механизми за зајакнување на одговорноста, отчетноста и транспарентноста во работењето на здравствените установи;6. Да се воспостави и применува зајакнат систем на внатрешни контроли во здравствените установи;    7. Да се воспостави сметководствен систем на евиденција во согласност со начелото на парично искажување на промените;8. Групните набавки да се регулираат со договори во кои меѓудругото ќе се утврдат и количините за секоја здравствена установа;9. Да се воспостави ажурна сметководствена евиденција во сите здравствени установи;10. Да се спроведат пописи во сите здравствени установи и да се пропишат процедури за управување и располагање со залихите;11. Да се преземат правни мерки за наплата на побарувањата од Фондот за здравствено осигурување во законски рок;12. Да се прекине долгогодишната практика раководните лица во клиниките, Фондот за здравствено осигурување и другите здравствени установи да се поставуваат според партиска и роднинска припадност;13. Да се воведат процедури за следење и контрола на реализацијата на склучените договорите за јавни набавки во здравствените установи;14. Да се спроведат обуки за луѓето кои учествуваат во постапките за јавни набавки;15. Државната...
февруари 8, 20126501

1. Државниот завод за ревизија да ги зајакне ревизиите во Фондот за здравствено осигурување, клиниките, другите јавни здравствени установи и во приватните организации за делот на средствата кои ги користат за финансирање од Фондот за здравствено осигурување;

2. Да се назначат овластен сметководител и овластен внатрешен ревизор во сите јавни здравствени установи, поединечно или заеднички, зависно од големината на установата;

3. Да се воспостават процедури за детално и прецизно пропишување на начинот на работење во здравствените установи;

4. Да се воспостави точна евиденција на материјално-финансиското работење во здравствените установи;

5. Да се дефинираат механизми за зајакнување на одговорноста, отчетноста и транспарентноста во работењето на здравствените установи;

6. Да се воспостави и применува зајакнат систем на внатрешни контроли во здравствените установи;   

7. Да се воспостави сметководствен систем на евиденција во согласност со начелото на парично искажување на промените;

8. Групните набавки да се регулираат со договори во кои меѓудругото ќе се утврдат и количините за секоја здравствена установа;

9. Да се воспостави ажурна сметководствена евиденција во сите здравствени установи;

10. Да се спроведат пописи во сите здравствени установи и да се пропишат процедури за управување и располагање со залихите;

11. Да се преземат правни мерки за наплата на побарувањата од Фондот за здравствено осигурување во законски рок;

12. Да се прекине долгогодишната практика раководните лица во клиниките, Фондот за здравствено осигурување и другите здравствени установи да се поставуваат според партиска и роднинска припадност;

13. Да се воведат процедури за следење и контрола на реализацијата на склучените договорите за јавни набавки во здравствените установи;

14. Да се спроведат обуки за луѓето кои учествуваат во постапките за јавни набавки;

15. Државната комисија за спречување на корупцијата да покрене постапки за одговорност на сите избрани и именувани функционери и одговорни лица кои не пријавиле конфликт на интереси и не се изземале од одлучувањето при јавните набавки, како и оние кои воспоставувале деловни односи со правно лице осонова од нив или од членови на нивното семејство;

16. Да се воведе задолжително информирање на пациентите за информации што се од нивна корист, како и информации за отчетноста на институциите преку нивните интернет страници;

17. Да се воспостави и применува систем на соодветно наградување на лекарите, особено на врвните специјалисти;

18. Да се предвидат редовни финансиски средства за стручно усовршување на здравствените реботници, за да се спречи потребата од барање спонзорства;

19. Да се забрза донесувањето на Законот за заштита на правата на пациентите;

20. Здравствените установи да ги информираат пациентите за нивните права, како и начинот на остварување и заштита на тие права;

21. Министерството за труд и социјална политика да врши постојана контрола врз работењето на комисиите за оценка на работната способност, со остро санкционирање на коруптивните случаи;

22. Да се извршат ненадејни контроли на случајно избрани веќе одобрени и одбиени барања за т.н. инвалидска пензија за да се утврди основаноста на одлуките;

23. Да се воспостави отворена телефонска линија за анонимно пријавување на случаите на барање поткуп во процесот на добивање на инвалидска пензија;

24. Да се овозможи активно учество на пациентите во нивното лекување;

25. Да се охрабри формирање на коалиции од НВОи кои делуваат на полето на јавното здравство за да се подобри информираноста на пациентите за нивните права и можноста за пријавување на коруптивни дејства;

26. Да се засили контролата и да се зголеми ефикасноста во  трошењето на парите на здравствени осигуреници преку формирање на т.н. Собрание на корисници при Фондот за здравствено осигурување;

27. Да се зајакне улогата на Лекарската комора која во интерес и заштита не само на пациентите, туку и на лекарската професија;

28. Да се воведат т.н. протоколи за лекување, за да се воведат правила и ред во препишувањето лекови и да се оневозможи неосновано фаворизирање на скапи лекови;

29. Да се воведат механизми за стручен надзор врз работата на лекарите;

30. Да се усвојат етички норми на однесување за здравствените работници;

31. Да се размисли за забрана на вклучување на здравствени работници во реклами за лекови.