Најава – КОНФЕРЕНЦИЈА за јавните набавки во РМ

Центарот за граѓански комуникации ве поканува да учествувате на конференцијата за јавните набавки на која ќе се објави „Годишниот извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ“. Конференцијата ќе се одржи на 22 февруари 2010 година (понеделник), во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 2), во Скопје, во периодот од 11.00 до 13.00 часот. На конференцијата ќе присуствуваат претставници на сите институции и организации вклучени во процесот на јавни набавки кои ќе изнесат свои ставови и мислења за наодите од мониторингот на овој многу значаен процес. Целта е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот закон и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства при јавните набавки. Вашето присуство ќе придонесе кон обидите за унапредување на оваа исклучително значајна област. Вашето присуство потврдете го кај лицето за контакт Елена Ристевска на 02/3213-513 или center@ccc.org.mk
февруари 22, 20105744

Центарот за граѓански комуникации ве поканува да учествувате на конференцијата за јавните набавки на која ќе се објави „Годишниот извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ“. Конференцијата ќе се одржи на 22 февруари 2010 година (понеделник), во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 2), во Скопје, во периодот од 11.00 до 13.00 часот.

На конференцијата ќе присуствуваат претставници на сите институции и организации вклучени во процесот на јавни набавки кои ќе изнесат свои ставови и мислења за наодите од мониторингот на овој многу значаен процес. Целта е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот закон и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства при јавните набавки.

Вашето присуство ќе придонесе кон обидите за унапредување на оваа исклучително значајна област. Вашето присуство потврдете го кај лицето за контакт Елена Ристевска на 02/3213-513 или center@ccc.org.mk