Обука за истражување и известување за јавни набавки

Девет новинари од националните електронски и печатени медиуми од 26 до 28 март 2010, во Охрид, учествуваа на обука за истражуање и известување за јавните набавки. Обуката беше дизајнирана од страна на тимот на ЦГК, Сабина Факиќ и Герман Филков, и двајца надворешни екперти, Вања Михајлова и Дарко Јаневски, според наодите од мониторингот на јавните набавки на централно ниво кое во текот на 2009 го спроведе Центарот за граѓански комуникации. Теми кои беа опфатени на обуката се следните: видови на постапки за јавни набавки, принципите кои треба да се запазат во процесот на јавни набавки, видовите на постапки предвидени со Законот за јавни набавки, како и реализацијата на договорите за јавни набавки, каде да се бара корупција во јавните набавки, формите на корупција во трошењето на јавните пари и што покажуваат истражувањата на јавните набавки и др. http://www.flickr.com/photos/45630648@N05/sets/72157623733570374/ Во текот на обуката новинарите имаа шанса практично да работат на користење на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки во функција на истражувањето и известувањето за јавните набавки и да научат како да дојдете до потребните информации преку пребарување во електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).Пред завршување на тренингот, новинарите дискутираа и пополнија план за истражување за корупциски теми во јавните набавки кои ќе ги истражуваат и кои ќе бидат објавени во нивните матични медиуми, како и во антикорупцискиот месечник МАК кој го издава Центарот за граѓански комуникации.Во текот на месец април, ваква обука ќе се спроведе и за десет новинари од локалните медиуми во Македонија.
март 29, 20105198

Девет новинари од националните електронски и печатени медиуми од 26 до 28 март 2010, во Охрид, учествуваа на обука за истражуање и известување за јавните набавки. Обуката беше дизајнирана од страна на тимот на ЦГК, Сабина Факиќ и Герман Филков, и двајца надворешни екперти, Вања Михајлова и Дарко Јаневски, според наодите од мониторингот на јавните набавки на централно ниво кое во текот на 2009 го спроведе Центарот за граѓански комуникации.

Теми кои беа опфатени на обуката се следните: видови на постапки за јавни набавки, принципите кои треба да се запазат во процесот на јавни набавки, видовите на постапки предвидени со Законот за јавни набавки, како и реализацијата на договорите за јавни набавки, каде да се бара корупција во јавните набавки, формите на корупција во трошењето на јавните пари и што покажуваат истражувањата на јавните набавки и др.

056

Во текот на обуката новинарите имаа шанса практично да работат на користење на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки во функција на истражувањето и известувањето за јавните набавки и да научат како да дојдете до потребните информации преку пребарување во електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).

Пред завршување на тренингот, новинарите дискутираа и пополнија план за истражување за корупциски теми во јавните набавки кои ќе ги истражуваат и кои ќе бидат објавени во нивните матични медиуми, како и во антикорупцискиот месечник МАК кој го издава Центарот за граѓански комуникации.

Во текот на месец април, ваква обука ќе се спроведе и за десет новинари од локалните медиуми во Македонија.