Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите
Денес, 27 декември 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јануари до јуни 2021 година. Клучните наоди од мониторингот вклучуваат:
– Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91 % од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција.
– Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите.
– Постојат примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата. – На секој четврти тендер е доставена една или ниту една понуда.
– Поништувањето на тендерите останува исклучително високо и изнесува 26 %.
– Во првото полугодие од 2021 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра.
– Овие слабости се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво.
Годишната програма на Центарот за граѓански комуникации е поддржана од програмата Цивика Мобилитас, која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска).
Post Views: 2.953