35 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2020)

РАСТЕ ОТФРЛАЊЕТО НА ПОНУДИТЕ НА ФИРМИТЕ НА ТЕНДЕРИТЕ; СЕКОЈ ТРЕТ ТЕНДЕР СЕ ПОНИШТУВА Денес, 28 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Од мониторингот на јавните набавки: » Поништувањата на тендерите стигнаа до 33 %, што е највисоко ниво во последните неколку години. Најмногу поради немање понуди или поради неприфатливи понуди. » Во пораст е отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите поради проблеми со документацијата или со понудените предмети на набавка. » Контролирани се само 1 % од тендерите во земјава и во секој петти контролиран тендер се пронајдени неправилности. » Конкуренцијата кај локалните тендери останува значително пониска отколку кај тендерите на институциите на национално ниво. » Во жалбената постапка се намалува уделот на уважени жалби од фирмите, а расте уделот на одбиени жалби. Од овогодишната анкета на фирмите: » Проблем број еден во јавните набавки за 77 % од фирмите е ’најниската цена‘ како критериум за избор на најповолната понуда. » Дека фирмите се договараат на тендерите сметаат 60 % од испитаните фирми. » 47 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки. » 47 % од фирмите не се жалат на тендерите поради недоверба во Државната комисија за жалби по јавни набавки. » Фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани. » Доминантни 60 %...
јуни 28, 20214165

Мониторингот на јавните набавки се спроведува во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. За повеќе информации за работата на Центарот за граѓански комуникации, посетете ја нашата веб-страница: http://www.ccc.org.mk/ и http://www.opendata.mk/.

 

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 830 милиони долари во Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации за работата на УСАИД во Северна Македонија, посетете ја веб-страница https://www.usaid.gov/north-macedonia и следете ги на YouTube, Твитер и Фејсбук.