Јавно трошење за јавно добро (2018-2021)

Активноста „Јавно трошење за јавно добро“ е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.
декември 27, 20193475

Проектот ги опфаќа следните активности:

  • Мониторинг на јавните набавки во земјата и унапредување на регулативата за јавни набавки и нејзината примена во насока на намалување на корупцијата;
  • Мерење на нивото на активна транспарентност на институциите и нивно рангирање;
  • Истражување на важни прашања од областа на јавното трошење, нивно објавување и помош на новинари и граѓански организации за истражувања на јавното трошење и
  • Застапување за поголема транспарентност, отчетност и интегритет во јавното трошење.

Очекувани резултати:

1) Подобрување на законската рамка за јавни набавки и нејзина примена во насока на намалување на корупцијата и зголемување на ефективноста во јавното трошење;

2) Унапредена примена на регулативата за транспарентност и отчетност на јавните институции на национално и на локално ниво и

3) Овозможување новинарите, граѓанските организации и граѓаните да ја исполнуваат својата надзорна улога врз јавното трошење и зголемување на притисокот врз јавните институции за поголема транспарентност и намалување на корупцијата.

Вкупната вредност на проектот изнесува 119.961,85 УСД долари.