Јавните набавки на општините во 2013 година од 2 до 276 евра по жител

Јавните набавки на општините во 2013 година од 2 до 276 евра по жител СКОПЈЕ, 16 март 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од истражувањето спроведено во рамките на редовниот мониторинг на јавните набавки на институциите на локално ниво, а кое се однесува на вкупните трошења за јавни набавки на сите општини во Република Македонија во 2013 година. Истражувањето ги покажа следниве клучни наоди: -80-те општини во земјава, без Град Скопје, вкупно во 2013 година, преку јавни набавки потрошиле 6,2 милијарди денари, односно 101,3 милиони евра. -Најмногу пари за јавни набавки во 2013 година потрошила Општина Аеродром, и тоа околу 628 милиони денари, односно 10,2 милиони евра, додека, пак, најмалку Општина Центар Жупа, чијашто годишна вредност на јавните набавки е 1,1 милион денари, односно 19 илјади евра. -Во 2013 година е регистриран пад на јавните набавки на општините во однос на претходната година за 38 милиони евра, односно за 27%. -Општините во 2013 година трошеле за јавни набавки од 2 до 276 евра по жител. Гледано по жител, општинските разлики во 2013 година се поблаги во однос на 2012 година, кога се движеа од 2 до 412 евра. -Општина Центар го загуби приматот од претходната година, кога беше апсолутен победник и во вкупната вредноста на јавните набавки и во рангирањето на трошоците за јавни набавки по жител. -Уделот на јавните набавки во буџетите на општините во 2013 година се движи од 1,8% до 77,7%. Констатираните разлики и во однос на овој параметар повторно упатуваат на голема несразмерност во општините. -Исклучително...
март 16, 20156648

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на трудот. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук-страницата www.facebook.com/USAIDMacedonia.