Четврти квартален извештај за јавните набавки во 2009

Центарот за граѓански комуникации на 29 декември 2009 година го презентираше четвртиот квартален Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки, кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на правната заштита во постапките за јавни набавки. Во извештајот, меѓу другото, се констатира: Наспроти законската обврска, некои државни институции, меѓу кои и министерства, во текот на 2009 година не доставиле ниту едно известување за склучен договор за јавна набавка до Бирото за јавни набавки. Се зголемува бројот на државни институции кои до Бирото за јавни набавки не доставуваат податоци за направените трошења до 20.000 евра за набавка на стоки и услуги, односно до 50.000 евра за набавка на работи. Се продлабочува проблемот со одолговлекување на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Од вкупно 40 мониторирани постапки за јавни набавки во овој квартал, одлука за избор на најповолна понуда не е донесена во дури 13 случаи (33%), а временското одолговлекување на донесување одлука во овие постапки се движи од 50 до 120 дена. Се ублажува проблемот со поништување на постапките за јавни набавки. Од мониторираните 40 постапки за јавни набавки, целосно или делумно се поништени 7 постапки или 17,5%, што претставува извесно ублажување на овој проблем во однос на претходниот квартал, кога беа поништени 25% од постапките. Иако зголемено, користењето на електронскиот систем за јавни набавки во последниот квартал од 2009 година сè уште не е на задоволително ниво. Во 2009 година, преку Електронскиот систем за јавни набавки се спроведени само 2,5% од постапките, со што се доведува...
април 22, 20095984

Центарот за граѓански комуникации на 29 декември 2009 година го презентираше четвртиот квартален Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки, кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на правната заштита во постапките за јавни набавки. Во извештајот, меѓу другото, се констатира:

  • Наспроти законската обврска, некои државни институции, меѓу кои и министерства, во текот на 2009 година не доставиле ниту едно известување за склучен договор за јавна набавка до Бирото за јавни набавки.
  • Се зголемува бројот на државни институции кои до Бирото за јавни набавки не доставуваат податоци за направените трошења до 20.000 евра за набавка на стоки и услуги, односно до 50.000 евра за набавка на работи.
  • Се продлабочува проблемот со одолговлекување на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Од вкупно 40 мониторирани постапки за јавни набавки во овој квартал, одлука за избор на најповолна понуда не е донесена во дури 13 случаи (33%), а временското одолговлекување на донесување одлука во овие постапки се движи од 50 до 120 дена.
  • Се ублажува проблемот со поништување на постапките за јавни набавки. Од мониторираните 40 постапки за јавни набавки, целосно или делумно се поништени 7 постапки или 17,5%, што претставува извесно ублажување на овој проблем во однос на претходниот квартал, кога беа поништени 25% од постапките.
  • Иако зголемено, користењето на електронскиот систем за јавни набавки во последниот квартал од 2009 година сè уште не е на задоволително ниво. Во 2009 година, преку Електронскиот систем за јавни набавки се спроведени само 2,5% од постапките, со што се доведува во прашање подготвеноста за остварување на законската обврска – од идната година, уделот на електронските аукции да изнесува 30% од вкупната вредност на јавните набавки.
  • Пораст на бројот на жалби по јавни набавки од страна на фирмите во последните 6 месеци. Економските оператори (фирмите) сè почесто ги оспоруваат одлуките за избор на најповолен понудувач на договорните органи (државните институции). Притоа, ДКЖЈН сè почесто ги уважува жалбите, односно ги наоѓа за основани (се уважува секоја четврта жалба). Ова укажува на фактот дека договорните органи сè повеќе ги прекршуваат законските одредби, односно прават грешки во постапките.

Извештајот може да се преземе тука (.pdf)