Хакери ги празнат македонските банкомати со лажни картички

Proekt Korupcija - Даниела ТрпчевскаДваесет годишно момче со капа на главата и блуза навлечена на лицето, се приближува до банкоматот и со едната рака ја покрива камерата вперена во него. Потоа од џебот извлекува шест различни фалсификувани кредитни картички и неколкупати извлекува пари од туѓи сметки. На крајот од денот штетата од кражбите со лажни картички на неколку гостиварски и скопски банкомати достигнува над 100 илјади денари. Додека измамниците среќно ги тријат рацете од богатиот плен, полицијата неколкупати внимателно да прегледува снимките од сомнителните трансакции. Иако момчето од снимката е убедено дека го маскирало ликот и никој не може да го фати, еден мал детаљ сепак ја одведе полицијата до бугарската група која пред неколку месеци ги „нападна“ македонските банкомати. Тоа беше неговата жолта капа.Случајот со двајцата бугарски државјани, кои пред неколку месеци беа фатени во Скопје, како извлекуваат пари од банкоматите на Про кредит банка со фалсификувани кредитни картички, доби судска разрешница. За компјутерска измама, К.А.А. и неговиот пријател, кои во март годинава со фалсификувани платежни картички од повеќе банкомати на Про Кредит банка во Скопје и во Гостивар подигаа над 100.000 денари се осудени на по.....затвор. Истрагата утврди дека измамниците со себе имале шест жолти пластични картички на чија позадина на магнетната лента електронски биле впишани броеви од виза и од мастер платежни картички, со намера со нив да извадат пари од банкоматите во земјава.Само на територијата на Скопје минатата година се процесуирани осум случаи накомјутерска измама. Тоа го потврдува и Владимир Милошески од скопското обвинителство, кој објаснува дека дел од овие случаи...
март 15, 20123736

Proekt Korupcija – Даниела Трпчевска
Дваесет годишно момче со капа на главата и блуза навлечена на лицето, се приближува до банкоматот и со едната рака ја покрива камерата вперена во него. Потоа од џебот извлекува шест различни фалсификувани кредитни картички и неколкупати извлекува пари од туѓи сметки. На крајот од денот штетата од кражбите со лажни картички на неколку гостиварски и скопски банкомати достигнува над 100 илјади денари. Додека измамниците среќно ги тријат рацете од богатиот плен, полицијата неколкупати внимателно да прегледува снимките од сомнителните трансакции. Иако момчето од снимката е убедено дека го маскирало ликот и никој не може да го фати, еден мал детаљ сепак ја одведе полицијата до бугарската група која пред неколку месеци ги „нападна“ македонските банкомати. Тоа беше неговата жолта капа.

Случајот со двајцата бугарски државјани, кои пред неколку месеци беа фатени во Скопје, како извлекуваат пари од банкоматите на Про кредит банка со фалсификувани кредитни картички, доби судска разрешница. За компјутерска измама, К.А.А. и неговиот пријател, кои во март годинава со фалсификувани платежни картички од повеќе банкомати на Про Кредит банка во Скопје и во Гостивар подигаа над 100.000 денари се осудени на по…..затвор. Истрагата утврди дека измамниците со себе имале шест жолти пластични картички на чија позадина на магнетната лента електронски биле впишани броеви од виза и од мастер платежни картички, со намера со нив да извадат пари од банкоматите во земјава.

Само на територијата на Скопје минатата година се процесуирани осум случаи на
комјутерска измама. Тоа го потврдува и Владимир Милошески од скопското обвинителство, кој објаснува дека дел од овие случаи се во истражна постапка, а за дел е покренато обвинение или пак имаат судска разрешница. „За споредба, лани беа процесуирани само два случаи на подрачјето на главниот град“, вели обвинителот Милошески. Кон крајот на минатата година 1,5 година затвор заработи скопјанец кој украл новчаник со кредитна картичка во него и потоа ја злоупотребил. Жртвата од која што ја украл картичката во новчаникот го носела и пин кодот.

Според сознанијата на инспекторите надлежни за откривање на комјутерскиот криминал, станува збор за огромен бизнис кој не знае за граници и кој се очекува да доживее вистинска експанзија во наредните неколку години. Македонија засега беше заштитена од овој вид на криминал, поради слабата употреба на платежните картички.

„Комјутерскиот криминал не доживеа голема експанзија во земјава, бидејќи системот за банкарско плаќање се воведе многу подоцна кај нас во споредба со другите земји, па така со системот за платежна картичка имавме време да ги имплементираме стандардите за нејзина заштита“, велат надлежните.
Според инспекторите во МВР, кај нас нема организирана појава на компјутерски криминал. Нивните сознанија укажуваат дека всушност станува збор за добро познати криминалци, кои се прилагодиле на новите измами за брза заработувачка.

„Така тие наоѓаат деца, кои се одлично компјутерски потковани и на кои им е вистински предизвик да навлезат во нечиј туѓ компјутерски систем, да инсталираат програма за крадење на податоци, или за фалсификување на платежни картички. Некои децата ги тераат да одат на банкомати и со лажни  картички да подигнуваат пари. Сиот плен оди во рацете на организаторот, а извршителите добиваат мала парична надокнада за услугата“, вели Љупчо Тодоровски, раководител на Отсекот за корупција, перење пари, фалсификување и компјутерски криминал при Одделението за економски криминал во СВР Скопје.

Додека мешаните бугарско-македонски групи кои беа откриени годинава оперираа со бланко картици, сега најчесто се фаќаат измамници со оригинални картици кои ги набавиле на најразличен начин. Обично скопските хакери работат на процент, но многу е тешко да се дознае кој ги продава картиците и пиновите. Па така, велат инспекторите, често се случува да имаат погрешни картици со погрешни пинови, при што таквите измамници најчесно паѓаат во мрежата на полицијата. „Откако повеќепати ќе се обидат на банкоматите да извадат пари со погрешен пин кој не соодветствува на картицата, полицијата брзо им влегува во траг на измамниците“, објаснуваат оперативците во МВР.

(текстот е реализиран во рамките на проектот „Справување со корупцијата: Размена на искуства и најдобри практики во истражувачкото новинарство меѓу Македонија и Романија“, на Центарот за граѓански комуникации)