Трошоци за новогодишни пакетчиња за 2022 година

Украсувањето на улиците се откажа, но новогодишните пакетчиња останаа Денес, 14 јануари 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците на државните институции за новогодишни пакетчиња за Новата 2022 година. За разлика од украсувањето на улиците кое главно беше откажано, продолжи практиката на институциите за купување новогодишни пакетчиња. За оваа намена се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена. Тендери за купување пакетчиња за новата 2022 година имале 20 институции, додека други 37 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавните набавки бидејќи вредноста на набавките била помала од илјада евра – колку што изнесува вредносниот праг под кој што не важи Законот за јавните набавки. Најмногу пакетчиња, 3.274 купила Општина Кавадарци, иако со пониска поединечна цена. Блиску е и Општина Прилеп со 3.030 пакетчиња. Најскапи пакетчиња, како и претходната година, и сега купила Општина Новаци, по 1.377 денари за едно пакетче. Вкупно најмногу пари за пакетчиња, пак, потрошил Град Скопје – 10.000 евра. Просечната цена која институциите ја платиле за едно новогодишно пакетче изнесува 566 денари. На дури 68 % од тендерите за набавка на новогодишни пакетчиња била добиена само по една понуда. Меѓу фирмите од кои се набавувани новогодишните пакетчиња убедливо води Колид од Колешино од каде се купени една четвртина од пакетчињата. Вкупната вредност на парите потрошени за пакетчиња за Новата 2022 година е малку повисока од онаа што...
јануари 14, 20223364

Украсувањето на улиците се откажа, но новогодишните пакетчиња останаа


Денес, 14 јануари 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците на државните институции за новогодишни пакетчиња за Новата 2022 година.

За разлика од украсувањето на улиците кое главно беше откажано, продолжи практиката на институциите за купување новогодишни пакетчиња. За оваа намена се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена.

Тендери за купување пакетчиња за новата 2022 година имале 20 институции, додека други 37 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавните набавки бидејќи вредноста на набавките била помала од илјада евра – колку што изнесува вредносниот праг под кој што не важи Законот за јавните набавки.

Најмногу пакетчиња, 3.274 купила Општина Кавадарци, иако со пониска поединечна цена. Блиску е и Општина Прилеп со 3.030 пакетчиња. Најскапи пакетчиња, како и претходната година, и сега купила Општина Новаци, по 1.377 денари за едно пакетче. Вкупно најмногу пари за пакетчиња, пак, потрошил Град Скопје – 10.000 евра. Просечната цена која институциите ја платиле за едно новогодишно пакетче изнесува 566 денари.

На дури 68 % од тендерите за набавка на новогодишни пакетчиња била добиена само по една понуда. Меѓу фирмите од кои се набавувани новогодишните пакетчиња убедливо води Колид од Колешино од каде се купени една четвртина од пакетчињата.

Вкупната вредност на парите потрошени за пакетчиња за Новата 2022 година е малку повисока од онаа што беше потрошена за ланската 2021 година.

Годишната програма на Центарот за граѓански комуникации е поддржана од програмата Цивика Мобилитас.