Трет квартален извештај за јавните набавки во 2009 година

Анализата на јавните набавки на централно ниво во РМ, во текот на третиот квартал на мониторинг меѓудругото констатираше: Зголемување на трендот на поништување на постапките за јавни набавки на 25% од мониторираните набавки, иако на поништените набавки учествувале просечно по 5 фирми-понудувачи, што фрла сомнеж врз мотивите за поништување на постапките; Во 40% од мониторираните постапки се користени „манипулативни“ елементи за избор на најповолна понуда како рок на испорака и плаќање, гаранција, референтна листа и сл., со што се доведува во прашање обезбедувањето на принципот на рационално и ефикасно трошење на јавните пари; Многу ниско ниво на учество на електронските набавки од само 1%, што укажува на неподготвеност да се исполни законската обврска – од 2010 година електронскиот систем да се користи во 30% од набавките, како начин на намалување на корупцијата и заштита на буџетски пари; Постојната законска и институционална поставеност не обезбедуваат квалитетни и ефикасни механизми за контрола на постапките за доделување и реализација на склучените договори за јавни набавки; Административните тела за следење и унапредување на процесот на јавни набавки во земјите од регионот имаат овластувања да вршат и надзор над самиот процес на јавни набавки, што не е случај со Македонија. Целиот извештај може да се преземе тука (.pdf)
март 21, 20097842

Анализата на јавните набавки на централно ниво во РМ, во текот на третиот квартал на мониторинг меѓудругото констатираше:

  • Зголемување на трендот на поништување на постапките за јавни набавки на 25% од мониторираните набавки, иако на поништените набавки учествувале просечно по 5 фирми-понудувачи, што фрла сомнеж врз мотивите за поништување на постапките;
  • Во 40% од мониторираните постапки се користени „манипулативни“ елементи за избор на најповолна понуда како рок на испорака и плаќање, гаранција, референтна листа и сл., со што се доведува во прашање обезбедувањето на принципот на рационално и ефикасно трошење на јавните пари;
  • Многу ниско ниво на учество на електронските набавки од само 1%, што укажува на неподготвеност да се исполни законската обврска – од 2010 година електронскиот систем да се користи во 30% од набавките, како начин на намалување на корупцијата и заштита на буџетски пари;
  • Постојната законска и институционална поставеност не обезбедуваат квалитетни и ефикасни механизми за контрола на постапките за доделување и реализација на склучените договори за јавни набавки;
  • Административните тела за следење и унапредување на процесот на јавни набавки во земјите од регионот имаат овластувања да вршат и надзор над самиот процес на јавни набавки, што не е случај со Македонија.

Целиот извештај може да се преземе тука (.pdf)